10 секојдневни грозни навики со коишто го изложуваме здравјето на ризик
Ги пробувате пијалаците на пријателите
Да, сите го правиме тоа, пробуваме од коктелот или пивото на оној што седи најблиску до нас. Но, преку плунката може да се изложите на лесно преносливи болести – од воспалено грло до менингитис.
Заборавате да го смените валканиот кујнски сунѓер
Треба да го менувате на најмалку 2 недели. Поради влажноста, тој е најдоброто место за собирање и размножување на бактерии, а самата помисла дека со него ги чистите работите, ве тера да се чувствувате непријатно, нели?
Спиете со леќите
И на овој начин ги изложувате очите на штетни бактерии. Го зголемувате ризикот од очни инфекции и полека, но сигурно ја оштетувате ретината на окото.
Се водите по правилото од 5 секунди
Нешто ви паѓа на земјата, вие го кревате веднаш, го дувате со воздух и бонбончето завршува во вашата уста. Измисленото правило од „5 секунди“ не е ништо научно, бидејќи доволна е една секунда за бактериите да се налепат на паднатата храна.
Ги оставате влажните крпи во бањата
Закачените влажни крпи се најидеалното место на коешто ќе се закачат сите бактерии кои ги носите од надвор, како и оние додека ги извршувате физиолошките потреби во тоалетот.
За да го избегнете ова, закачувајте ги крпите на место каде што има провев и менувајте ги после втората употреба.
(О)Милена | Црнобело