Што е сајберхондрија и дали сте и вие сајберхондрик?
Кога некој чувствува болка или непријатност во кој било дел од телото, обично ги проверува своите симптоми на интернет, за да добие идеја за што станува збор. Понекогаш тоа пребарување може да му помогне да ги расчисти сомнежите, но повеќето луѓе знаат дека ова не треба да се зема како медицинска дијагноза.
Во случајот на сајберхондрија, луѓето веруваат дека ова пребарување е доволно, па секој можен симптом го бараат на интернет и прават сопствени дијагнози.
Сајберхондрија е нарушување предизвикано со злоупотреба на интернет во медицински цели.
Денес лекарите работат со пациенти кои тврдат дека имаат тумор на мозок, само затоа што имаат главоболка. Причината за овој феномен е само-дијагностика, што луѓето ја прават по истражувањето на знаците, симптомите и нарушувањата на интернет.
Ова ја зголемува нивната вознемиреност и ја комплицира работата на здравствените работници.
Негативните последици од компулсивното пребарување
Сајберхондрија, како и секое друго психолошко нарушување, има последици кои влијаат на луѓето. Некои од ефектите на опсесивното пребарување се:
Зголемување на нивото на вознемиреност. По редовната анализа на болести, сајберхондриите се презаситени со информации и почнуваат да се грижат повеќе отколку што треба за симптомите што веројатно никогаш нема да се појават.
Самостојно започнување на терапија и прекинување на тековните медицински третмани. Некои сајберхондрици почнуваат да ги применуваат третманите што ги наоѓаат на интернет, дури и без консултација со медицински професионалец.
Други стануваат убедени во само-дијагностицирање, па престануваат да ги земаат лековите што им ги препишува лекарот. Ризиците од такво однесување можат да бидат многу опасни.
Развој на хипохондрија. Поради висока изложеност на информации, пронајдени на интернет за болести, и интензивен страв од една или повеќе болести, едно лице со сајберхондрија многу лесно може да развие хипохондрија.
Како да се справите со сајберхондрија?
Како и кај хипохондрија или кое било друго ментално нарушување, третманот на пациентот е психолошки.
Роднините и пријателите треба да му помогнат на пациентот да разбере дека неговото тело е навистина здраво.
Ашера | Црнобело