11 заблуди за сончањето на кои треба да заборавите
Сезоната на одмори е во полн ек и сите се обидуваат да „украдат“ малку време на сонце и плажа. А на плажа, сончањето е неизбежно. Веќе сите знаеме дека заштитната крема за сонце е задолжителна, но има и други нешта на кои треба да обрнете внимание.
Постојат многу митови за сончањето кои всушност можат многу да ви наштетат. За да се заштитите од изгореници и од сите несакани последици од сончањето, престанете да верувате во овие заблуди.
Капење со маица
Многумина мислат дека капењето со маица ќе ги заштити од сонцето. Но, влажната маица овозможува подобро продирање на штетните УВ зраци од сувата. Поради ова, ризикот од изгореници станува поголем. Затоа најдобро е да се капите со костим за капење и никако да не ја изоставете заштитната крема. Истовремено, избегнувајте да се капите помеѓу 11 и 15 часот.
Кога е облачно не можете да изгорите
Знаевте ли дека 80% од сончевите зраци можат да продрат низ облаците? Па кога е облачно, не само што можете да изгорите, туку можете да добиете и тешки изгореници. Проблемот е што кога е облачно, температурата е малку пониска а понекогаш има и ветар, па нема ни да почувствувате дека сте изгореле пред да биде предоцна.
Доколку веќе имате тен, не можете да изгорите
Сите можат да изгорат, дури и оние со природно темна кожа. Неретко луѓето мислат дека штом веќе фатиле малку боја, таа е како заштита од сонцето. Но според експертите, вакво нешто не постои. Доколку ја „подготвувате“ кожата за сончање во солариум, само си нанесувате дополнителна штета.
Контактните леќи ги штитат очите
Дури и ако вашите леќи имаат УВ филтер, кожата околу очите не е заштитена. Не заборавајте да нанесете заштитна крема на целото лице и секогаш носете очила. Очилата не мораат да бидат скапи или многу темни. Најдобро е да побарате некои со CE стандард или ознака UV 400.
Капите и шеширите се одлична заштита
Само затоа што носите шешир, не значи дека вашата глава е заштитена. Доколку шеширот е сламен и ги пропушта сончевите зраци, тогаш не ви нуди никаква заштита. Кога одбирате капа или шешир за плажа, осигурете се дека не ги пропуштаат сончевите зраци.
Не можете да изгорите под сенка
Ова е една од најчестите заблуди. Можеби сте скриени од сонцето, но УВ зраците се одбиваат од околните површини и можат да предизвикаат штета.