7 факти за најстрашната болест - ракот, кои треба да ги знаат сите хипохондрици

Изгледа дека ракот е болеста којашто најмногу ги плаши луѓето. Многумина мислат дека ракот е смртна казна, а медиумите само ги влошуваат нештата бидејќи постојано се зборува за оваа болест.

7-olesnuvachki-fakti-za-onie-na-koi-im-e-strav-deka-kje-dobijat-rak-01.jpg

Денес на многу луѓе им е навистина страв да не добијат рак, па неретко дули и најситните здравствени проблеми ги поврзуваат со оваа болест.

Но, следниве утешителни факти ќе ви помогнат да сфатите дека не секој проблем со здравјето води кон рак и не сè е симптом на рак:

Доколку на бенката растат влакна, најверојатно не е меланом

Многу луѓе кои имаат бенки се плашат да не добијат рак на кожата. Поради тоа, добро би било да знаете дека доколку од вашата бемка растат влакна, таа најверојатно е бенигна.

Штом низ неа успеале да пораснат влакна, тоа значи дека структурата на кожата не е изменета.

Доколку станува збор за рак на кожата, каналите низ кои растат влакната нема да можат да се формираат.

Бенигните тумори најчесто остануваат бенигни

Речиси сите бенигни тумори никогаш не стануваат рак. Многу тумори на градите речиси никогаш не се претвораат во рак, ниту пак цистите во јајниците.

7-olesnuvachki-fakti-za-onie-na-koi-im-e-strav-deka-kje-dobijat-rak-02.jpg

Доколку имате болен израсток, веројатно не е рак

Повеќето тумори на рак не се болни. Па ако имате некаков израсток под кожата што ве боли на допир, најверојатно не е рак.

Сепак, посетете лекар во случај да станува збор за некаква инфекција.

Симптомите што траат со години најверојатно не се знаци за рак

Доколку кашлате со години, или имате главоболки или подуеност долго време, тогаш дефинитивно не станува збор за рак. Доколку било рак, досега сигурно ќе се развиел значително.

Сепак, добро е да ги проверите и овие симптоми во случај да станува збор за некое друго нарушување

7-olesnuvachki-fakti-za-onie-na-koi-im-e-strav-deka-kje-dobijat-rak-03.jpg

Симптомите што се појавуваат и исчезнуваат најчесто не се знаци за рак

Доколку одеднаш ви се појави израсток, а потоа исчезне по една недела, тогаш тоа не е рак. Симптомите на ракот само се влошуваат со текот на времето.

Мит е дека ракот „станува помлад“

Изгледа дека сè повеќе и повеќе млади личности се дијагностицирани со рак, но ова не е точно. На пример, во САД, просечната возраст на личност која има рак е 66 години.

Луѓето кои имаат 55 години и повеќе се најризичната група - речиси 80% од сите случаи со рак се во оваа возрасна граница.

30% до 50% од видовите рак можат да бидат спречени

Според информациите од Светската здравствен организација, 30% до 50% од сите видови рак можат да бидат спречени со едноставни промени во животниот стил.

Еве неколку предлози:

- Не пушете.

- Не им дозволувајте на другите да пушат во вашиот дом или работна околина.

- Контролирајте ја вашата тежина.

- Движете се повеќе и избегнувајте да седите долги периоди.

- Јадете повеќе храна од цели зрна, овошје и зеленчук. Ограничете го внесот висококалорична храна, засладени пијалаци, црвено месо и храна со многу сол.

- Престанете да пиете алкохол, или барем ограничете го.

- Избегнувајте ги УВ зраците.

- Немојте да допирате канцерогени супстанци на работното место и секогаш следете ги инструкциите за безбедност.

- Доколку можете, доjте го вашето дете.

- Доколку сте жена, ограничете ги хормонските терапии.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg