Што ќе се случи со вашето тело доколку се истегнувате 10 минути секој ден во месецот?
Почнувајќи од часовите по физичко воспитување во основно училиште, сите знаеме колку е важно истегнувањето на телото.
Но, ретко кој од нас го сфатил ова сериозно и продолжил да го практикува. Сепак, со текот на годините, а особено после триесетите како резултат на недоволна физичка активност, секој од нас почнува да чувствува болки во долниот дел од грбот.
Прво нешто по коешто ќе посегне секој се лековите, но со едноставно секојдневно истегнување од само 10 минути, овие проблеми може да исчезнат.
Свиткајте ја главата кон коленото: Седнете на подот, истегнете ја десната нога во страна, превиткајте го левото колено и залепете го долниот дел од стапалото на внатрешноста од десниот бут. Наведнете се на десно и фатете го десното стапало со двете раце. Задржете се така 60 секунди, а потоа сменете ја страната.
Жаба поза: Испружете се на подот така што нозете ќе ви бидат зад задникот, а колената ќе бидат раширени. Без да ги подигнете нозете од подот, подигнете го задникот и истегнете ги рацете нанапред колку што можете.
Истегнете ги нозете додека не почувствувате дека мускулите на препоните се истегнати. Задржете се во оваа поза 2 минути.
Кобра поза: Легнете на стомак. Испружете ги нозете наназад и ставете ги рацете на подот, веднаш под рамењата. Подигнете го горниот дел од телото од подот и исправете ги лактите. Задржете се во оваа поза 2 минути.
Кучешки со лицето надолу: Ставете ги дланките и стапалата на подот и раширете ги во растојание на рамената. Држете ги рацете и нозете прави и останете во оваа поза 2 минути.
Свртете го грбот додека седите: Седнете на подот и истегнете ги двете нозе пред вас. Свиткајте го левото колено и ставете го десниот лакт на него. Ставете ја левата рака зад вас и погледнете преку левото рамо.
Задржете се така 60 секунди, а потоа сменета ја страната.
За само еден месец, редовното правење на овие вежби за истегнување ќе ви помогне не само со болките во грбот, туку и ќе ви го подобро спиењето и квалитетот на сонот.
Вежбите ќе ви помогнат подобро да си го чувствувате телото, ќе бидете помалку летаргични, ќе ви се намали стресот, ќе ви се подобри циркулацијата и балансот на телото.
(О)Милена | Црнобело