Вртоглавици, повреди - 5 знаци дека не јадете доволно пред тренинг
Ако некогаш ви се вртело во глава или ви се чинело дека ќе се онесвестите додека вежбате, не сте единствени. Ако не внесувате доволно енергија ќе имате мускулни грчеви, а на долг рок, нема да напредувате.
Без разлика дали вашата цел е да ја зголемите силата или издржливоста, или да изгубите тежина, треба да внесувате доволно енергија во вашето тело.
Ова се главните знаци дека не јадете доволно пред вежбањето:
Имате вртоглавици или сте летаргични
Ако вежбате со висок интензитет, без претходно да јадете, шеќерот во крвта може да се намали наеднаш, што доведува до вртоглавица. Исто така, веројатно ќе се чувствувате уморно или летаргично.
Ако се чувствувате лошо треба да престанете да вежбате. Земете некоја форма на јаглени хидрати или шеќер - како банана или чаша сок - што може да ви помогне да го зголемите нивото на шеќерот, за да можете да продолжите со вежбање.
Вртоглавица е исто така симптом на дехидратација, па треба да пиете вода.
Чувствувате гадење
Ова е повеќе прашање на хидратација. Ако чувствувате гадење, размислете колку течности и електролити внесувате. Можеби сте заборавиле да пиете доволно вода.
Ниските нивоа на електролити можат да доведат до гадење, како и други симптоми, како што се мускулни грчеви и недостаток на концентрација.
Обидете се да внесете малку сол во вашата исхрана. Кисели краставици или супа се поздрава опција отколку чипс, бидејќи се богати со натриум, но не и заситени масти.
Резултатите ви се послаби од вообичаеното
Ако не сте јаделе доволно тој ден, едноставно ќе се чувствувате блокирано. Нема да бидете во можност да продолжите со вежбањето. Веројатно ќе чувствувате дека не можете да вежбате со ист интензитет.
Лесно се повредувате или паѓате во несвест
Ова може да биде и опасно. Ако немате доволно енергија и калории / јаглени хидрати, ќе бидете изложени на ризик од низок крвен шеќер и потенцијално паѓање во несвест. Ова е причината зошто сте повеќе изложени на ризик од повреди.
Не гледате резултати
Без разлика дали сакате да станете посилни, да ја зголемите издржливоста или да изгубите тежина, важно е да јадете. Ако не јадете доволно, вашето тело може да почне да ги разложува мускулите за да добие доволно енергија.
И, конечно, ако вашето тело ја губи потребната енергија, може да го наруши вашиот метаболизам. Вашето тело нема да изгуби тежина ако не му обезбедите доволно правилна енергија.
Како и што треба да јадете пред вежбање?
Секој има различно тело и метаболизам, во зависност од времето на денот и вашите индивидуални потреби, можете да јадете нормален оброк, два до три часа пред вежбање.
Овој оброк и / или закуска треба да содржи јаглени хидрати и протеини, малку маснотии и влакна. Ако јадете помалку од еден час пред вежбањето, ограничете ја количината на масти и влакна што ги внесувате.
Ашера | Црнобело