Како да го препознаете и да го избегнете топлотниот удар?

Веќе знаете дека кога времето е премногу топло, не треба да излегувате надвор од 11 до 17 часот. Ако сте на плажа, потребно е да најдете сенка, а прошетките да ги oставите за навечер.

kako-da-go-prepoznaete-i-da-go-izbegnete-toplotniot-udar-001.jpg

Изгорениците не се единствената опасност од сонцето. Во текот на летото се потите повеќе и имате помалку енергија, па високите температури можат да го исцрпат целиот организам а последиците да бидат опасни.

Што е топлотен удар?

Топлотниот удар е сериозно нарушување кое настанува кога температурата на телото е повисока од 39 степени. Најчесто ова е резултат од преморување на екстремна топлина и може да биде навистина опасно.

При топлотен удар организмот не може да ја одржи телесната температура во нормалните граници, па може да настане трајно оштетување и невролошко пореметување.

Некои од најчестите симптоми на топлотен удар се силна главоболка, сува или црвена кожа, постојано зголемување на телесната температура, вртоглавица, немир, поспаност, повраќање, зуење во ушите, замаглен вид, па дури и губење на свест.

Исто така обрнете внимание на забрзано чукање на срцето, забрзано дишење, малаксаност и жед, а некогаш потењето може целосно да престане.

kako-da-go-prepoznaete-i-da-go-izbegnete-toplotniot-udar-02.jpg

Кога сте изложени на најголем ризик од топлотен удар?

Претераната изложеност на сонце го зголемува ризикот од топлотен удар, но постојат и други фактори кои ве ставаат во опасност.

Претерана физичка активност

Доколу претерате со физичката активност на топло време, имате совршен рецепт за топлотен удар. Ова може да им се случи на атлетичарите кои во текот на летото вежбаат на отворено.

Најчесто топлотниот удар се појавува во јули и август, кога влажноста и температурата на воздухот се највисоки

Работење надвор

Доколку работите надвор ова лето, не заборавајте на паузите и пиењето вода. Секоја физичка активност на отворено дополнително го зголемува ризикот од топлотен удар.

Дехидратација

Луѓето кои се изложени на поголем ризик од дехидратација, како деца и постари, се изложени и на поголем ризик од топлотен удар. Истото важи и за луѓето со проблеми со срцето или црниот дроб.

Кај овие групи луѓе, дехидратацијата се случува многу побрзо и мерките за справување на телото не се толку ефикасни.

kako-da-go-prepoznaete-i-da-go-izbegnete-toplotniot-udar-03.jpg

Како да го избегнете топлотниот удар?

Ограничете го излегување на сонце: Кога температурите се највисоки, избегнувајте да излегувате на отворено. Доколку сепак морате, секогаш движете се под сенка.

Пијте вода: Секој ден пијте околу 2 литри вода. Избегнувајте ги алкохолните пијалаци и кофениот бидејќи тие го зголемуваат ризикот од дехидратација.

Облечете се правилно: Носете светла, удобна и лесна облека, направена од памук или лен. Исто така заштитете ја главата со капа.

Разладете го домот: Навечер отворајте ги прозорците за да проветрите, а во текот на денот затворете ги и завесите. Доколку имате клима, вклучете ја, или најдете вентилатор кој ќе ги циркулира воздухот.

Не се преморувајте: Избегнувајте го вежбањето и напорната работа кога температурите се високи. Доколку сепак не можете, пијте многу вода.

Обрнете внимание на луѓето од ризичната група: Доколку имате деца или некој постар во домот, потсетувајте ги да пијат вода. Исто така речете им да седат во разладена просторија.

Бидете особено внимателни со бебето: За разлика од возрасните, на бебињата им е потешко да ја регулираат нивната телесна температура. Па, бидете внимателни. Доколку устата на бебето е сува, доколку нема солзи кога плаче или ако неговата пелена е сува повеќе 8 часа, можеби станува збор за топлотен удар.

Бидете свесни за медицинските реакции: Некои лекарства можат да го зголемат ризикот од топлотен удар. Разговарајте со вашиот лекар доколку пиете некакви лекови за да бидете свесни за сите потенцијални проблеми.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg