Не може вагината да ви мириса на цвеќе – 5 работи кои гинекологот посакува да не ги правите

Жените се често пати многу срамежливи, особено кога темата на разговор е секс, сопствената вагина и посетата на гинеколог.

5-raboti-koi-ginekologot-posakuva-da-ne-gi-pravite-01.jpg

Здравата вагина како и добриот сексуален живот подразбираат здрави, лични навики.

Кога се работи за здравјето на репродуктивниот орган, еве што гинеколозите порачуваат:

Внимавајте на сувоста на вагината

Жените често пати трпат лош секс, најчесто кога не се доволно возбудени. Сувата вагина може да предизвика болки во текот на сексуалниот однос, односно пенетрацијата.

Многу жени се жалат на силни болки или крвавење поради сувоста на вагината во текот на односот. Овој проблем најлесно ќе го решите со употреба на лубрикант.

Гинеколозите нагласуваат дека ова е сосема нормално и нема никаква потреба да се срамите поради употребата на истиот за време на сексот.

Престанете да се трудите вагината да ви мириса како цвеќе

Вагината не смее да мириса слатко, цветно или да биде ароматизиранa со каков било друг парфем. Таа треба да мириса како вагина, природно е кисела и има мирис на телесна течност.

Сите добри гинеколози ќе ви потврдат дека треба да ги избегнувате производите кои ветуваат дека ќе ја „исчистат“, „освежат“ или ќе ѝ дадат некој специфичен мирис.

Најдобро би било да не си ги трошите парите на вакви специјализирани производи и веднаш да ги фрлите. Овие препарати ја уништуваат вагиналната pH-вредност и го зголемуваат ризикот од бактерии и воспаленија.

Доколку имате некоја бактерија, постои специјална терапија и антибиотици како да ја излекувате. Мирисните производи не се решение, тие дополнително ќе ја влошат ситуацијата.

Контрацепцијата не е лек за сексуално преносливите болести

Контрацептивните пилули не ве штитат од сексуално преносливите болести. Најголемиот страв за време на сексот е непланираната бременост.

Многу жени едноставно ги забораваат сексуално преносливите болести, а дел од нив се убедени и дека пилулите ги штитат од нив, што е секако неточно.

Немојте да се срамите кога одите на гинеколог

Луѓето се секогаш срамежливи кога треба отворено да зборуваат за некој проблем поврзан со својот полов орган или сопственото репродуктивно здравје.

Гинеколозите потврдуваат дека би сакале пациентите да се послободни и отворено да зборуваат за проблемите со коишто се соочуваат, наместо да страдаат во срам и тишина.

Важноста на вагиналните пробиотици

Вагиналните пробиотици помагаат во одржувањето на природната рамнотежа. Тие се наједноставниот начин преку кој се подобрува вагиналното здравје, а се особено корисни за жените коишто често пати страдаат од инфекции.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg