Зошто редовната столица е неопходна и многу важна за женското хормонално здравје?

Опстипацијата, односно запекот може да влијае на вашите хормони, особено на естрогенот и да предизвика проблеми како акни или силни главоболки.

Zosto-redovnata-stolica-e-neophodna-i-mnogu-vazna-01.jpg

Модерниот, стресен начин на живот, како и лошиот начин на исхрана, внесот на малку течности во телото најчесто предизвикува запек кај возрасните луѓе. Покрај очигледниот проблем, запекот особено лошо им влијае на жените.

„Доколку вашите црева се мрзливи и се соочувате со запек, естрогенот се задржува многу подолго во телото отколку што треба и се враќа да циркулира низ него. Секојдневната, нормална столица е неопходна со цел да го ’извлечете‘ естрогенот надвор“, тврди Џолин Брајтен, експерт за женски хормони и авторот на книгата „Beyond the Pill“.

Освен тоа, нерамнотежата во цревната флора може да доведе до зголемена продукција на бета-глукуронидаза - ензим кој значително го реактивира поврзаниот естроген и другите хормони, раздвојувајќи ги од нивната метилна група.

Кога се случува, естрогенот кој повеќе не се растопува во вода, се реапсорбира во крвта. Запекот го влошува целиот овој процес бидејќи хормонот останува подолго во столицата и има поголеми шанси да се одвои од метилните групи.

Повремената опстипација не е проблем, но хроничната со текот на времето може да доведе до хормонален дисбаланс, бидејќи хормонот кој се рециклира во организмот станува потоксичен од својот првобитен облик.

Кои други симптоми може да ги манифестира овој проблем? Акните се секако едни од нив. Недоволната елиминација на метаболичниот отпад и хормонскиот дисбаланс предизвикуваат акни на кожата.

Доколку редовно не го исфрлате „отпадот“ од вашите црева, телото едноставно ќе се обиде да најде начин како да го стори тоа на друг начин, односно преку кожата.

Останатите здравствени проблеми како што веќе споменавме предизвикуваат натрупување на естроген, што само по себе носи главоболки, симптоми на ПМС, почести менструални циклуси.

Со текот на времето здравствените проблеми може да станат уште посериозни. Долгорочно, постои зголемување на ризикот од канцер во зависност од нивото на естроген во телото, бидејќи процесот на исфрлање на токсините не се одвива редовно и правилно.

Токму затоа, редовното празнење на цревата е неопходно и важно за здравјето, особено кај жените.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg