7 намирници кои треба да ги консумирате почесто, ако не пиете многу вода

Веројатно ви е веќе смачено да слушате за тоа колку е важно да пиете вода секој ден. Некои луѓе се занесуваат и забораваат да пијат вода, додека другите пијат претерано многу вода.

Konsumirajte gi ovie sedum namirnici dokolku ne piete mnogu voda 01

Доколку сакате да внесувате многу течности, но не пиете доволно вода, ова се препораки кои ќе ви помогнат постојано да бидете хидрирани.

Консумирајте ги овие седум намирници доколку не пиете многу вода:

Лубеница

Сочна и вкусна, лубеницата содржи 92% вода. Добар е извор на калиум и електролити, кои ќе ве хидрираат.

Диња

Иако дињите содржат 90% вода, тоа не значи дека во неа нема и други здрави компоненти. Всушност, дињата содржи и витамини А и Ц.

Краставица

Секој што сака крцкава краставица треба да знае дека истата содржи 96% вода. За подобар амбиент направете таратор салата со јогурт. Ова ќе ви помогне да се релаксирате и хидрирате.

Konsumirajte gi ovie sedum namirnici dokolku ne piete mnogu voda 02

Ананас

Ананасот е полн со вода и витамини. За да ја задржите линијата, грицкајте го секој пат кога ќе посакате нешто слатко.

Меѓутоа, ако сте обожавател на пињаколада коктел, имаме лоши вести за вас. Општо земено, алкохолните пијалаци имаат тенденција да го дехидрираат нашето тело.

Јагоди

Јагодите содржат 90% вода. 8 јагоди содржат 5% од препорачаната дневна доза на калиум. Јагодите, исто така, можат да се стават во големо шише за вода, бидејќи така ќе станат побогати и повкусни.

Целер

Сок од целер е апсолутен хит во светот. Ова подразбира употреба на долг светло зелен целер, наместо белиот.

Овој сок, не само што ќе ве хидрира, туку и ќе го ревитализира вашето тело, бидејќи содржи антиоксиданти, влакна, минерали, витамини А, Ц, Б и К.

Konsumirajte gi ovie sedum namirnici dokolku ne piete mnogu voda 03

Пиперки

Освен  што се одлични во речиси секоја салата, пиперките можат да се јадат без додатоци. Заситни се и содржат многу вода, што ги прави идеална закуска.

Црвените пиперки се богати со витамин Ц, па доколку се двоумите, изберете ги нив.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg