Лекови кои е добро да ги спакувате за на одмор
Многу проблеми што се појавуваат за време нa патувањето можат да бидат решени со неколку пилули и малку знаење. Па покрај бикинито и кремата за сончање, важно е да понесете и некои лекарства.
Во продолжение погледнете кои би ви се нашле најмногу:
Лекови против дијареа
Секогаш имајте ваков лек покрај вас, бидејќи доколку ве фати дијареа, тешко дека ќе можете да одете до аптека.
Ова е чест проблем кај туристите, но можете да го избегнете доколку внимавате што пиете и јадете. Сепак, апчињата ќе ви дадат дополнителна сигурност.
Благ лаксатив
Друг чест проблем кај патниците е констипацијата. Патувањето ја нарушува вашата рутина, ви ја менува исхраната и ве вади од удобната зона, па сето ова може да предизвика констипација.
Можете да го спречите ова доколу сте активни, консумирате многу хранливи влакна и пиете многу вода. Но ако не ви помагаат ни овие методи, благиот лаксатив би требало да го реши проблемот.
Нешто против болка
Бидејќи постојано ќе бидете активни, ќе влечете куфери и ќе спиете во кревет што не е ваш, можно е да се појават некои болки. Понесете нешто за главоболка, како и за намалување на воспаленија.
Антибиотска маст
Сите можеме да бидеме несмасни на одмор, па малку треба да се сопнете и да се удрите. Пред да го третирате повреденото место со антибиотик, не заборавајте да го измиете.
Малите исекотини и гребаници ќе заздрават и самите, но антибиотикот ќе ја спречи појавата на лузни.
Нешто за спиење
Ако одите на далечна дестинација, вашето тело нема да знае во која часовна зона се наоѓате. За да го решите проблемот со спиење додека патувате, изложете се на сончева светлина во текот на денот и вежбајте, а навечер избегнувајте го кафето.
Доколку сепак не можете да заспиете, хормоните како мелатонин ќе ви помогнат во тоа.
Антихистамин
Никогаш не знаете на што ќе налетате во странство, па добро е да имате некаков антихистамин, особено ако сте склони на алергии. Само внимавајте на несаканите ефекти – некои лекови можат да ве направат поспани.
Нешто против настинка
Настинката не можете да ја третирате сами, но некои лекови можат да ви ги намалат симптомите доволно за да уживате во одморот.
Набавете спреј за нос, нешто против кашлање и нешто за температура. Користете ги овие лекови што е можно пократко, со многу спиење и вода.
Нешто против гадење и морска болест
Од авиони до бродови и што било за транспорт, патниците неретко чувствуваат гадење. Сепак, внимавајте биејќи овие лекови можат да ве направат поспани.
Електролити
Навистина е лесно да дехидрирате кога патувате. Вниманието ќе би го одземат сите нови места, па неретко ќе заборавите на вода. Ако одеднаш се почувствувате летаргично или имате главоболка, можеби сте дехидрирани.
Ако се случи ова, испијте електролити.
Крема со хидрокортизон
Ако планинарите или патувате во тропски предел, оваа крема е задолжителна. Со неа ќе го намалите чешањето од убоди од инсекти и разни осипи. Исто така добро е да истражите за инсектите на местото што го посетувате и да дознаете како да ги избегнувате.
Спирова С. | Црнобело