Прашања што докторите сакаат да им ги поставите за време на преглед

Закажувањето преглед е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето здравје, но сигурно не сакате целиот ден да го поминете во ординација. 

prashanja-shto-doktorite-sakaat-da-im-gi-postavite-za-vreme-na-pregled-01.jpg

Сепак, кога ќе знаете кои прашања да му ги поставите на вашиот лекар, вашата посета ќе стане многу покорисна и поефективна.

Можеби мислите дека лекарот ќе ви суди поради вашиот животен стил или поради прашањата што ги поставувате, но добриот доктор секогаш ќе сака да ви помогне најдобро што може.

Прашањата во продолжение можат да ви изгледаат бесмислени, или пак да ви биде срам да дискутирате за нив. Но, не смеете да чувате тајни во врска со вашето здравје од вашиот лекар доколку сакате вистински да ви помогне.

Погледнете ги прашањата што лекарите би сакале да им ги поставите за време на преглед:

„Какво тестирање можам да направам сега?“

Иако можеби мислите дека ординацијата е место што треба да го посетувате само кога имате здравствен проблем, превентивата е исто важен дел. Во зависност од вашата возраст, веројатно треба да направите некoи тестирања.

Прашувањето за овие тестови ќе ви помогне да се вклучите во вашето здравје. На пример, тестот за рак на матката е важен за девојките постари од 21 година.

Во зависност од вашите ризични фактори, можно е да ве испратат и на тестирање за дијабетес и холестерол.

„Дали треба да земам витамини или додатоци во исхраната?'“

Можеби земате додатоци бидејќи верувате дека тоа е „здраво“, или пак само сте послушале совет од некој пријател. Но, вашиот лекар е личноста со којашто треба да разговарате пред да земате што било, особено ако пиете препишани лекарства.

На повеќето луѓе не им се потребни додатоци, особено ако се хранат здраво.

„Дали може да имам проблем со злоупотреба на супстанци?“

Навистина е лесно да му кажете на лекарот за вашата кашлица или ако сте кренале температура. Разговарањето за овие проблем е важно. Но, уште поважно е да разговарате и за подлабоките проблеми.

Ако сте несигурни за вашата консумација на алкохол или други штетни работи, или пак ако мислите дека развивате зависност, прашајте го вашиот доктор.

Злоупотребувањето и предозирањето со супстанци е многу често е и причина за илјадници смртни случаи секоја година. Вашиот лекар ќе ви помогне да го откриете проблемот навреме и да го решите што побрзо.

lekarite-sovetuvaat-prashanja-shto-sakaat-da-im-gi-postavite-za-vreme-na-pregled-03.jpg

„Можеме ли да разговараме за моето сексуално здравје?“

Немојте да се срамите да прашате што било во врска со сексот. Колку и да ви звучи лошо прашањето или вашиот проблем, голема е веројатноста лекарот да слушнал нешто уште полошо.

Сексуално преносливите инфекции се навистина чести, а многумина не се ни свесни дека ги имаат. Иако е вистинско искушение да лажете за боројот на сексуални партнери и користењето заштита, важно е да бидете искрени.

Ова ќе му помогне на лекарот полесно да го открие проблемот, доколку постои.

„Дали треба да бидам загрижен/а за моето ментално здравје?“

Иако можеби општиот лекар го гледате само како експерт за физичко здравје, тој е овде за вас и за вашата ментална состојба. Тој може да воочи дали имате какви било ментални проблеми, а потоа да ви препорача психијатар или терапевт за поспецијализиран третман.

Кажете ако чувствувате анксиозност и депресија - овие појави се многу почести отколку што милат другите. Менталното здравје повеќе не е табу. Нема потреба да страдате во тишина.

„Дали ми е потребна некаква имунизација?“

Имунизацијата не е само за мали деца. Дури и ако сте во 20-тите или 30-тите, можете да имате придобивки од некои вакцини. На пример, некои луѓе во нивните 20-ти не примиле одредени вакцини како деца, па можат сега да ги надополнат.

Исто така, ХПВ вакцината е препорачливо за луѓето до 26 години, па и повеќе. Покај тоа, можеби ви треба уште една вакцина за грип или тетанус. Сепак, ова е индивидуално. 

Буквално кое било прашање што го имате

Можеби мислите дека само ќе му го трошите времето на лекарот кога сакате да прашате нешто, но ова не е вистина. Немојте никогаш да мислите дека вашето прашање не е доволно важно. Не постојат глупави прашања.

Многу пациенти се плашат дека ако постават некое прашање ќе изгледаат како да не знаат ништо. Но подобро е да прашате отколку навистина да не знаете. Вашето здравје е најважно.

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg