Како да знаете дали ви недостасуваат протеини во телото?
Протеините се како „суперхерои“, ни помагаат да ги изградиме мускулите и да ги задржиме, без нив, нашето тело не може да врши многу телесни функции, вклучувајќи го и одржувањето на хормоналната и ензимската рамнотежа. И, се разбира, неопходни се ако сакате да изгубите тежина, но и да ја задржите идеалната тежина. Ако се прашувате како, ова е објаснување.
Протеините го зголемуваат нивото на пептидот, кој на вашиот мозок му испраќа порака дека е сит. Но пред да почнете да се „полните“ со протеини, важно е да знаете уште една работа. Треба да внесувате различни видови храна богата со протеини.
Бело месо е одличен извор на протеини, како и црвено месо и риба. Затоа е важно во својата исхрана да вклучите разновидна храна. Покрај тоа, имајте на ум дека протеински шејкови никогаш нема да бидат доволна замена за вистинската храна.
Како да знаете дали ви недостасуваат протеини во телото?
Јадете многу слатка или солена храна
Протеините го забавуваат ослободувањето на шеќерот во крвта, со што го одржуваат нивото на шеќерот во крвта. Ако не внесувате доволно протеини, а внесувате многу јаглени хидрати, шеќерот брзо ќе влезе во крвотокот.
Кога инсулинот ќе го отстрани овој шеќер, нивото на шеќерот во крвта одеднаш ќе се намали и ќе имате голема желба за нешто многу слатко или солено.
Слаби мускули
Кога немате доволно протеини, телото нема друг избор освен да ги разградува мускулите за да ги задоволи своите потреби.
Овој ефект ќе биде особено изразен ако не внесувате доволно протеини, а вежбате често. Телото во овој случај ќе ги троши мускулите за да добие енергија.
Ова ќе резултира со ослабени мускули, намалена мускулна маса и слаби зглобови. Покрај тоа, кога не внесувате доволно протеини, на вашето тело му е потребно подолго време да закрепне од повреди.
Паѓање на коса
Ако вашата коса и вашите нокти не се толку светли и силни како што беа, причината може да биде недостатокот на протеини.
Губење на косата, слаби нокти и брчки на кожата се почетни знаци на дефицит на протеини, бидејќи телото не може ефикасно да ги регенерира клетките за да ги замени мртвите клетки.
Лош имунитет
Чести болести се индикатор за слаб имунолошки систем, а ова може да биде последица на недостаток на протеини. Без доволно протеини имунолошките клетки не можат да се регенерираат доволно брзо за да се борат со бактерии и вируси.
Проблеми со спиењето
Ако имате проблеми со спиењето, „обвинете“ ја вечерата. Кога не внесувате доволно протеини се случува дисбаланс, а резултат на ова се проблеми со спиењето.
Триптофан е есенцијална амино киселина која ни помага да заспиеме, затоа е добро пред спиење да внесуваме доволно протеини. Триптофанот обично се наоѓа во сирење, јајца, грав, леќа…
Ашера | Црнобело