Колку е лошо и опасно да заспиете со мокра коса?
Сега кога е топло навиката за заспивање со мокра коса станува секојдневие. Сепак, иако косата ќе ви биде сува по 1 час без да се мачите и да ја фенирате, има друга низа на ризици во кои запаѓате.
Дека ќе настинете, како што вашите баби и мајки ви велеа – сигурно нема.
Но, сепак заспивањето со мокра коса е опасно од други причини:
1. Косата ќе ви стане сува, кршлива и безживотна.
2. Лошо ќе спиете и постојано ќе имате ладно чувство околу главата и вратот.
3. Голем е ризикот и од вкочанување на вратот.
4. Имунолошкиот систем може да ви ослабе.
5. Бројот на бактерии ќе се зголеми и развие.
6. Можно е да се појави првут.
7. Постои ризик од губење и опаѓање на косата.
8. Поради зголемениот број на бактерии на перницата, постои поголем ризик од појавување на акни по кожата.
9. Почести главоболки.
10. Ќе губите повеќе време во средување на косата наредното утро.
М. Д. | Црнобело