Жена советува да користите пена за бричење против изгореници од сонце - но, зошто докторите се противат?
Синди Ален Стјуард од Тексас изјавила дека со години нанесува креми за сончање, но на крајот сепак гори.
Таа пробувала разни методи за да ги ублажи болките, неудобноста и црвенилото, но изгледа сè било залудно.
Но, откако нејзината свекрва ѝ предложила да проба да нанесе пена за бричење, на Синди животот ѝ бил многу полесен.
Таа го споделила нејзиниот рецепт на Фејсбук, а нејзината објава брзо се проширила вирално.
„Купете пена за бричење со ментол. Мора да биде пена за бричење и мора да содржи ментол. Потоа, на изгорената кожа нанесете од пената за бричење“, напишала Синди во објавата.
Синди појаснила дека не треба да ја втриете пената во кожата, туку само да ја оставите да стои 30 минути од нанесувањето. Потоа, на некои места самата ќе се растопи или исуши.
„Пената ќе почне да ја извлекува топлината и ќе го почувствувате тоа. Може да почувствувате и чешање, но тоа е добро. Чешањето значи лекување.
„За кратко време ќе почувствувате како кожата се лади, тоа е добар знак. Потоа, со млака вода отстранете го остатокот од пената. По потреба, повторете и наредниот ден.
Обично после ваков третман изгорениците исчезнуваат, а го употребувам и кај децата.“
Свекрвата на Синди слушнала за овој трик пред 40 години, и тоа од нејзиниот лекар. Синди се обидела да го реши проблемот со алое вера, но сфатила дека пената за бричење е многу поефикасна.
Нејзиниот совет го споделиле над 218.000 луѓе на Фејсбук, а имало и илјадници коментари од луѓе кои го пробале методот и многумина биле задоволни. Но, сепак, лекарите не се воодушевени од оваа приказна.
EDIT: Let me just clear up a few things. I have been approached by a couple of news companies, and I have given my...
Posted by Cindie Allen-Stewart on Friday, June 22, 2018
EDIT: Let me just clear up a few things. I have been approached by a couple of news companies, and I have given my...
Posted by Cindie Allen-Stewart on Friday, 22 June 2018
Пената за бричење е наменета за да ги ублажува последиците после бричењето, како иритација и црвенило. Сепак, експертите тврдат дека таа нема некое својство против изгорениците.
Според нив, кога ќе изгорите, најдобро е да испиете аспирин и веднаш да набавите крема против изгореници. Исто важни се хидратацијата и мирувањето.
Но сепак, најдобриот лек е превенцијата. Имено, со секое горење кожата се оштетува, па дури и се зголемува ризикот од меланом. Затоа избегнувајте го излегувањето надвор во најжешките периоди од денот, покријте ја кожата колку што можете и никако не заборавајте ја заштитната крема за сонце.
Иако, пената за бричење на некого му помага, а за некого може да биде ризик заради алергиски реакции кои може да ја влошат ситуацијата, сепак, изборот е индивидуален. Што мислите вие, може ли да има ефект против изгореници од сонце и дали би ја користеле?
Спирова С. | Црнобело