Совети за новите мајки: Како побрзо да заздравите после царскиот рез?
Реси 1 од 3 жени ќе се породи со помош на царски рез, па станува сè поважно да ги знаете предностите и недостатоците од процедурата.
Постојат многу нешта што можат да ѝ помогнат на новата мајка побрзо да закрепне од операцијата, па доколку сте имале царски рез, добро е да ги следите следниве совети:
Земајте пробиотици и јадете ферментирана храна
Антибиотиците што ѝ се даваат на мајката за време на операција можат да имаат влијание врз здравите бактерии во стомакот.
Поради ова, би требало да го прашате вашиот лекар за пробиотици кои ќе ја подобрат флората во стомакот.
Ова ќе го подобри имунитетот, па дури и ќе ја спречи појавата на дијареа. Ферментирана храна има слични својства.
Одете на прошетки
Штом лекарот ќе ви даде дозвола да вежбате, обидувајте се одвреме-навреме да пешачите по 30-тина минути. Пешачењето ќе ви помогне да се ослободите од гасовите, ќе ја подобри циркулацијата, ќе ја подобри работат на цревата и ќе му помогне на телото да закрепне.
Во некои случаи, на мајките им се препорачуваат прошетки веднаш штом ќе се вратат дома од болница.
Избегнувајте воспалителна храна
Исхраната е навистина важна за новите мајки. Поради тоа, обидете се да го ограничите внесот на воспалителна храна како црвено месо, бел леб и пржено.
Консумирајте храна како бобинки, брокула, јаткасти плодови и семиња. Храната богата со амино киселини, како пилешко или лосос, помага во обновувањето на ткивото.
Лекови за болка
Нормално е да имате болки до 2 недели после операцијата. Лекарот најверојатно ќе препише некои антивоспалителни лекови, кои понекогаш се земаат и 4 пати дневно, во период од 2 недели.
Прашајте го вашиот лекар и за лекови што ќе ви помогнат да се справите со болките.
Одморајте
Одморот е многу важен после секоја операција, вклучувајќи го и царскиот рез. Се разбира, не е лесно да се наспиете кога дома имате новороденче, па најдобро е да спиете заедно со вашето дете.
Иако работата што доаѓа со новото дете може да изгледа како премногу, навистина е важно да се одморите за да не си го влошите здравјето.
Најдете поддршка за доење
Доколку планирате да доите, добро е да побарате поддршка. Царскиот рез е поврзан со зголемен ризик од тешкотии при доењето.
Оваа поддршка може да различна – столче за доење, посебна перница, па дури и разговор со лекар. Сите овие нешта ќе ви помогнат успешно да го доите вашето бебе и да ја намалите болката.
Справете се со констипацијата
После царскиот рез, кај жените се зголемува ризикот од констипација поради хормоналните промени, изморените стомачни мускули и честото лежење. Ова не само што може да биде болно, туку може да претставува проблем и за засекот од операцијата.
За да се справите со овој проблем, пијте многу вода, консумирајте храна богата со хранливи влакна и побарајте совет од вашиот лекар.
Внимавајте на знаци за инфекција
После операцијата важно е да го набљудувате вашето тело за какви било знаци на инфекција. Добро би било да ја проверувате вашата температура на секои 24 часа и да внимавате на отоци, интензивна болка или чувство на студ.
Доколку се појават овие симптоми, обратете се кај вашиот лекар.
Користете влошки за вагиналното крварење
И кај мајките кои се породиле со царски рез можно е да се појави вагинално крварење. Во овој случај би требало да носите влошка. Воглавно избегнувајте ги тампоните бидејќи можат да предизвикаат инфекција, освен ако вашиот лекар не ви кажал поинаку.
Доколку забележите обилно крварење, лош мирис или треска, веднаш побарајте го вашиот лекар.
Справете се со емоциите
Породувањето може да биде навистина напорен период, дури и после некое време, бидејќи мајките чувствуваат вина или срам. Доколку чувствувате нешто вакво, можете да побарате помош од терапевт или состаноци за поддршка.
Кога станува збор за помош, раната интервенција и поддршката можат да ја спречат појавата на постпородилна депресија.
Спирова С. | Црнобело