Сè што треба да знаете за летната депресија

Сезонската депресија обично ја поврзуваме со есен или зима, но тоа е, всушност, „вид на депресија што се појавува и исчезнува“ со промената на сезоната и не е строго условена.

Se sto treba da znaete za letnata depresija 01

Друг вид на сезонско нарушување на расположението е летна депресија, која се случува, како што сугерира нејзиното име, во текот на летните месеци.

Додека повеќето луѓе уживаат во одмор, планирање на одмор и релаксација, личности кои страдаат од летна депресија имаат недостаток на волја, самодоверба, нарушување на апетитот, проблеми со несоница и самоубиствени мисли.

Што предизвикува летна депресија?

Точната причина за ова растројство е непозната, но се верува дека промената во излачувањето на одредени невротрансмитери, серотонин и мелатонин, кои се лачат поради премногу сончева светлина, можат да бидат едни од факторите.

Промени во изложеност на дневна светлина и сончеви зраци можат да предизвикаат флуктуации во нивоата на мелатонинот и серотонинот, кои влијаат на нашето расположение и менталното здравје.

На пример, ниско ниво на серотонин е поврзано со депресија, ова е научно докажано.

Se sto treba da znaete za letnata depresija 02

Постои и феномен на „страв да не се пропушти нешто“, кој исто така може да биде „тригер“, особено денес во времето на социјалните мрежи, кога често мислиме дека сите други се забавуваат повеќе од нас.

Како се лекува летната депресија?

Ова нарушување на расположението влијае на квалитетот на животот и треба да се третира сериозно, како и секој друг вид на депресија.

Како и секоја форма на депресија, летната депресија може да предизвика тешкотии во секојдневните активности, како недостаток на мотивација и енергија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg