Колку всушност се опасни удобните, рамни балетанки?

Погрешните обувки можат да предизвикаат не само болки во стапалата, туку и бројни други здравствени проблеми. Во текот на летото луѓето често одбираат рамни сандали или балетанки кои речиси и да немаат никаква потпора. На крај, ова предизвикува болка во стапалата.

baletankite-mozhat-da-bidat-opasni-za-vashite-stapala-01.jpg

Колку што се штетни рамните обувки, исто штетни се и оние со превисоки потпетици. Колку е повисока потпетицата, толку повеќе се искривува скелетот, така што вашите колена и колкови се навалуваат кон напред а грбот кон назад.

Во текот на летото препорачливи се лесни кожни обувки кои се пред сè удобни. Потребно е да ги избегнувате сите неанатомски чевли.

Кај жените, обувките со превисоки потпетици и шпиц го нарушуваат правилниот анатомски однос на стапалата. Притоа, честото носење несоодветни чевли може да предизвика деформации на коскено-мускулната структура на стапалата.

Топлината и потта од нозете во текот на летните месеци можат да предизвикаат вистински проблем бидејќи можат да настанат инфекции. Меѓутоа, постои едноставно решение против летното потење, а сè почнува со хигиената и изборот на чорапи.

Потењето на нозете во текот на летото е вообичаена појава, но прекумерното потење бара редовни хигиенски мерки. Доколку ова не го решава проблемот, постојат ботокс инјекции што ја блокираат активноста на потните жлезди. Најчесто ова трае неколку месеци.

kolku-vsusnost-se-opasni-udobnite-ramni-baletanki-3.jpg

Балетанките се најчестиот избор на повеќето жени, но тие можат да нанесат повеќе штета и од чевлите со високи потпетици. После цел ден во балетанки, нозете се премногу оптеретени и настануваат болки во зглобовите и петите.

Исто така можат да се појават и пликови. Балетанките немаат никаква потпора и можат да предизвикаат искривување, а тогаш настанува вистинскиот проблем.

Важно е да носите лесни и анатомски обувки, што имаат добра потпора за вашите стапала.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg