6 едноставни начини да се чувствувате посреќно за 10 минути
Доброто расположение не е корисно само за вашата продуктивност, туку и за вашето целокупно здравје. Кога се чувствувате исполнето, вашиот имунитет, дигестивен систем и сексуален систем работат подобро, се зголемуваат креативноста и интуицијата, а се намалува нивото на стрес благодарение на окситоцинот и серотонинот.
Покрај тоа, вашето ниво на задоволство се познава во сè што правите, дури и кога не сте свесни за тоа. Вашето тело е како вифи модем, а вашите емоции се фреквенцијата што ја емитувате.
Кога сте гневни или анксиозни, вие испраќате таков сигнал и луѓето го забележуваат. Истото важи и кога сте среќни и кога испраќате таква енергија.
Сега кога ја знаете важноста на доброто расположение, погледнете како можете да го подобрите вашето за само 10 минути:
Минувајте време во природа
Кога времето е убаво, вашето расположение ќе биде исто. Без разлика дали седите на вашата тераса и ги слушате дрвата или ќе отидете на кратка прошетка, свежиот воздух може да направи чуда за вас.
Ова можеби не звучи возбудливо или драматично, но ефектот на долгорочен план е навистина неверојатен. Одењето во природа е добро за нервниот систем бидејќи го смирува телото и природно го зголемува нивото на серотонин.
Вежбајте напорно 10-тина минути
Доколку имате некој краен рок, веројатно нема да отидете во третана. Но кога ќе се разбудите со лошо расположение, почнете да трчате.
Дури и 10-минутна интензивна физичка креативност ќе го поттикне лачењето на хормоните на среќа - ендорфини.
Дури и кратката прошетка може да направи чуда за вашето расположение. Доколку излегувате на прошетка, обидете се да бидете свесни за убавината околу вас.
Застанете и забележете ги дрва и цветовите. Синхронизирајте се со вашето опкружување и дозволете си да се изгубите во него.
Видете се со некој што го сакате
Затворете ги очите и помислете на некоја личност што ја сакате. Можеби тоа е вашиот родител, или пак вашиот партнер. Доколку не можете да ја добиете личноста на телефон, доволно е да испратите и кратка порака.
Ова ќе направи да се чувствувате многу подобро. Докажано е дека кога имаме подлабоки врски со луѓето, воглавно сме посреќни.
Па додека повеќето луѓе се свртуваат кон технологијата кога им е здодевно, вие побарајте некој пријател.
Запишете ги среќните и забавни моменти
Кога ви е потребна пауза од настаните во вашиот живот, најдете место каде што ќе бидете сами и запишете ги вашите среќни сеќавања. Со самото потсетување ќе се центрирате и ќе се ослободите од напнатоста.
Секое сеќавање запишувајте го на различен лист, а потоа можете да ги чувате во тегла. Секогаш кога ќе се чувствувате лошо, одвојте 10-тина минути и запишете уште едно сеќавање, или пак извадете некое од теглата и прочитајте го.
Испланирајте ја вашата недела
Една од причините за чувството на несреќа е тоа што не ги организирате вашите мисли или приоритети. Планирањето однапред ќе ви овозможи да се опуштите и ќе ви даде нешто на коешто треба да се фокусирате.
Па, одвојте десетина минути пред почетокот на неделата и испланирајте активност што ви причинува задоволство.
Имајте секс
Покрај тоа што ќе направи да се чувствувате добро, интимните допири и оргазмите прават да се чувствувате поврзано со себе и со вашиот партнер. Понекогаш не ни мора да имате секс, доволно е само прегратка.
Имено, кога прегрнувате некој 30-тина секунди, кога бакнувате некого 6 секунди или имате оргазам, во телото почнува да се ослободува окситоцин. Кога се зголемува нивото на окситоцин а се намалува нивото на кортизол, ќе почнете да се чувствувате подобро.
Спирова С. | Црнобело