Како да се храните додека сте на одмор?

Заради тенок паричник или од пуста мрза, кога одиме на одмор она за кое најмалку размислуваме е тоа што јадеме. 

Jadete so um kako da se hranite dodeka ste na odmor 01

Од друга страна, постои опасност дека ќе ве преплави нагонот за истражување, па нема да се контролирате во обид да ги пробате сите локални специјалитети.

Најдобро е да се обидете да воспоставите рамнотежа што ќе ви овозможи да истражувате, но не и да го оптоварите стомакот.

Но, како да го направите тоа?

Исклучете ја опцијата „измамнички ден“

Тој многу брзо ќе се претвори во „измамнички денови“, односно „измамнички одмор“. Ако вашата исхрана дозволува ден кога не внимавате што сѐ внесувате, внимавајте овој принцип да го задржите и додека сте на одмор.

Најверојатно ќе ви се случи момент кога ќе си помислите дека сте на одмор, далеку од сѐ, а со тоа и на одмор од јадење здрава храна.

Бидете претпазливи

Лесно може да се прејадете понесени од ова чувство, а неконтролираниот внес на нездрава храна ќе ви предизвика тешко чувство во стомакот. Одморот не е сѐ или ништо, работете на балансирање на пристапот.

Јадете со ум

Кога на одмор најверојатно ќе сакате да пробате локална храна која содржи состојки кои обично не ги јадете. Тоа е во ред - уживањето во традиционалната кујна е дел од секое авантуристичко искуство.

Без разлика дали јадете чилакили во Мексико, фонду во Швајцарија или чоколаден кроасан во Париз, донесете свесна одлука да ја јадете храната што сте ја избрале без вина или срам и бидете сигурни дека ќе уживате во секој залак.

Јадете толку колку што ви е потребно за да се заситите, и запомнете - ако вашиот стомак е полн, нема да уживате во храната што ја јадете, така што нема корист од јадење откако еднаш ќе се почувствувате сити.

Jadete so um kako da se hranite dodeka ste na odmor 02

Поврзете се со чувството што ви го создава храната

Кога решавате дали да јадете одредена храна, не ја оценувајте храната како добра или лоша. Наместо тоа, поврзете се чувството што храната го предизвикува во вашето тело и тоа нека ви биде репер при изборот на следниот оброк.

На пример, ако отсекогаш сте сонувале да одите во Италија за да јадете автентична италијанска пица, но млечните производи и глутенот ви прават да се чувствувате надуени, изборот да ги издржите симптомите е логичен бидејќи сте на вашето патување од соништата. Но, дали тоа значи дека треба да јадете пица за појадок, ручек и вечера секој ден од вашето патување?

Апсолутно не! Клучот е да се сфатите како храната прави да се чувствувате во своето тело, наспроти вашата желба за вкусна кулинарска авантура.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg