11 нешта што луѓето не сфаќаат дека ги правите поради вашата функционална анксиозност

Анксиозноста е можеби најраспространетото ментално нарушување. Кога ќе го земете предвид брзото темпо и стресниот начин на живот, ова не треба да ве изненади. Кога се соочувате со функционална анксиозност, нештата можат да бидат уште полоши. Навидум, вашиот живот е совршен и сè оди во најдобар ред, но никој не знае и не ја ни забележува вашата состојба. Доколку се соочувате со функционална анксиозност, веројатно често ги правите овие нешта што другите ретко ги разбираат.

11-neshta-shto-lugjet-ne-sfakjaat-deka-gi-pravite-poradi-vashata-funkcionalna-anksioznost-01.jpg

1. Само затоа што изгледате смирено, не значи дека сте

Функционалната анксиозност е како огромно чудовиште што се крие во вашата глава. Правите сè што е во ваша моќ да да го сопрете, но најчесто безуспешно. Можеби изгледате смирено и прибрано, но во себе чувствувате како да умирате.

2. Понекогаш морате да си заминете без предупредување

Во еден момент можеби се чувствувате добро, се смеете со пријателите и едноставно уживате. Но, одеднаш почнувате да си поставувате прашања и да се грижите. Ова може да биде премногу за вас, па морате да ги напуштите пријателите само за да се смирите.

3. Постојано се разочарувате од себе

Mожеби имате успешна кариера. Можеби сте одлични во вашата работа. Можеби дури и често слушате пофалби. Но дали верувате во ова? Најверојатно не. И во приватниот и во професионалниот живот, постојано сте разочарани од себе. Секогаш мислите дека можете да сработите подобро и секогаш се изложувате на толку многу стрес, само за да го поминете денот.

4. Имате ситни навики од коишто не можете да се ослободите

Понекогаш анксиозноста се покажува низ мали навики. Некои ги гризат ноктите, а некои пак постојано мрдаат со ногата. Правите што било што би ве ослободило од мислите во вашата глава.

5. На анксиозноста не ѝ е грижа дали сте среќни и што правите

Без разлика што правите, каде сте и со кој сте, анксиозноста може да се појави. На ова нарушување не му е грижа што се случува, секогаш е овде.

6. Перфекционисти сте

Работите навистина напорно. Ако ви велат да одите, вие трчате. Ако ви рекле дека сте завршиле добра работа, не верувате. Се обидувате да бидете совршени во сè што правите. Очигледно, ова е невозможно и сите прават грешки, но во вашата глава, вие морате да бидете најдобри.

7. Ве излудуваат и најмалите нешта

Сигурно сте неверојатно злобни кон себе кога ќе направите грешка. Без разлика колку е мала грешката, таа ќе ги опседнува вашите мисли со денови. Не знаете да се убедите дека е во ред да грешите. Во ред е да се соочите со пречка што не можете да ја надминете.

8. Постојано ги задоволувате потребите на другите

Сакате да ги направите другите среќни, дури и на сметка на вашата среќа. Сакате вашите родители да бидат горди. Сакате вашите гости постојано да бидат задоволни. Сакате вашиот шеф да биде задоволен од вас и сакате да бидете горди на себе. Сепак, анксиозноста никогаш не ви дозволува да помислете дека некогаш сте направиле нешто добро.

9. Одговарањето на пораки и мејлови понекогаш ви изгледа загушно

Дури и наједноставната задача може да ве парализира. Понекогаш треба да се смирите само за да вратите на некој мејл, и тоа на личност што ја знаете со години. Понекогаш воопшто не одговарате на пораките бидејќи ви е полесно да ги оставите отколку да се вклучите.

10. Постојано мислите за тоа како ве гледаат другите

Можеби изгледа како да имате совршен живот, совршена кариера, совршен партнер или совршен дом. Но во себе секогаш се чувствувате исплашено. Страв ви е од вашите најголеми кошмари, страв ви е дека ќе изгубите сè што имате. Страв ви е дека ќе станете ништо. Функционалната анксиозност може да ве претвори во вашиот најголем непријател.

11. Секогаш се обидувате да правите нешто

Морате да бидете зафатени за да не полудите. Без разлика дали пишувате, вежбате или читате за да се ослободите од вашите мисли, секогаш морате да правите нешто. Што било што ќе ги спречи лошите мисли. Што било што ќе ви помогне да се смирите и да не експлодирате.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg