Што сè треба да знаете за тешкотиите при откажувањето од цигари?

Многу луѓе се колнат дека откажувањето од цигарите било најтешкото нешто што го направиле. 

shto-se-treba-da-znaete-za-teshkotiite-pri-otkazhuvanje-od-pushenjeto-cigari-01.jpg

Иако никотинот, супстанцата во цигарите што создава зависност, нема интензивно дејство како кокаинот или хероинот, откажувањето од него може да биде исто тешко како и од овие супстанци.

Причината се силните психолошки и физички симптоми на повлекување, кои се појавуваат веднаш штом никотинот почнува да го напушта телото.

Симптомите на повлекување се различни кај секого, а некои ги чувствуваат посилно од другите. Воглавно, симптомите се најсилни помеѓу првиот и третиот ден и постепено се намалуваат во период од 3 до 4 недели.

После овој период, никотинот е целосно отстранет од телото. Но, и после сето ова време, психолошките ефекти можат да останат.

Разбирањето на ефектите на повлекување на никотинот е клучно за успешно откажување од цигарите. Кога ќе бидете свесни за реалните предизвици кои доаѓаат со откажувањето од цигарите, полесно ќе се подготвите ментално.

Како влијае никотинот врз мозокот?

Кога личноста вдишува чад од цигара, никотинот, заедно со илјадници други супстанци, се апсорбира преку носот, устата и белите дробови. Одовде никотинот влегува во крвотокот, за на крај да стигне до мозокот.

Во мозокот никотинот ги активира центрите за награда и задоволство, зголемувајќи го нивото на допамин. За никотинот е познато дека има влијание и врз деловите од мозокот одговорни за дишење, меморија, апетит и пулс.

Мозокот многу брзо станува зависен од овој ефект. Со годините, мозокот се подготвува за пушење во разни ситуации каде што бил наградуван од никотинската стимулација. Најчесто ова е причината за тешките симптоми на повлекување.

Неретко пушачот го поврзува пушењето со разни активности, како што е социјализирање со пријателите или чекање автобус. За страсниот пушач, дури и излегувањето од домот може да предизвика желба за цигара.

shto-se-treba-da-znaete-za-teshkotiite-pri-otkazhuvanje-od-pushenjeto-cigari-02.jpg

Симптоми на повлекување на никотинот

Желба за цигара

Кога рецепторите во мозокот одеднаш се соочени со недостаток од никотин, закочува и производството на допамин. Ова е моментот кога започнуваат проблемите.

Само неколку часа по последната цигара ќе забележите интензивна желба за пушење. Желбата за никотин може да трае од 5 до 30 минути и може да биде навистина непријатна. Добрите вести се што кога-тогаш, желбата ќе исчезне.

Постојано чувство на глад

Желбата за храна е нормален ефект од откажувањето од цигарите. Никотинот го поттикнува ослободувањето на гликоза од мускулите и црниот дроб и го менува одговорот на инсулин.

Во отсуство на никотин, се намалува нивото на шеќер во крвта, со што се појавува желба за јаглехидрати. Во овие околности можно е да се здебелите. В

о просек, луѓето кои се откажуваат од цигарите качуваат околу 4-5 килограми во првата година од откажувањето. Повеќето ги забележуваат првите знаци на дебелеење во првите 3 месеци.

Проблеми со спиењето

Ненадејните промени во системот за допамин можат да предизвикаат проблеми со спиењето – од несоница до претерано спиење.

Според истражувањата, откажувањето од цигарите може да ја наруши РЕМ фазата од сонот, што има лошо влијание врз неговиот квалитет.

Во овој случај ќе ви помогнат едноставни вежби за релаксација и намалување на внесот на кофеин.

Кашлање

Можеби звучи чудно, но луѓето кои се откажуваат од пушење настојуваат да развијат кашлица. Ова најчесто е знак дека вашите бели дробови се чистат и исцелуваат.

Променливо расположение

Овој симптом не е тежок само за пушачите, туку и за оние околу нив. Едно од првите нешта што ќе ги забележите по откажувањето на цигарите е зголемено ниво на стрес и раздразливост.

Дури и најтривијалните гестови можат да ве вознемират. Па кога ќе се откажувате од цигарите, предупредете ги пријателите за ова.

Замор

Никотинот е стимулант, па кога ќе се откажете од него нормално е да се чувствувате поизморено од вообичаено. Стресот и менталната енергија кои се прошируваат со откажувањето на цигарите можат дополнително да го зголемат заморот. Најчесто се потребни 2 до 4 недели за нивото на енергија да се врати во нормала. Во меѓувреме, одморете и почнете со вежбање.

Проблеми со меморијата и концентрацијата

Ќе забележите дека потешко ќе ги помните новите настани и ќе имате проблеми со фокусирање на задачи кои претходно ви биле едноставни. Други психолошки симптоми се анксиозност или депресија, кои во екстремни случаи бараат и медицинска помош.

Констипација

Еден од шест пушачи ќе се соочи и со констипација, што ќе трае од една до две недели. Недостатокот од чад од цигари во стомакот може да го промени составот на цревата, со тоа забавувајќи ја дигестијата.

За да го намалите ризикот од констипација, лекарите препорачуваат пиење многу вода и консумирање повеќе хранливи влакна.

shto-se-treba-da-znaete-za-teshkotiite-pri-otkazhuvanje-od-pushenjeto-cigari-03.jpg

Што да очекувате од моментот кога ќе ја испушите последната цигара? 

30 минути до 4 часа: Ефектите на никотинот ќе престанат и ќе се појави желба за цигара. Се намалува пулсот и се враќа во нормала. Крвниот притисок почнува да се намалува, а циркулацијата се подобрува.

10 часа: Желбата за цигара се засилува. Можно е да се почувствувате необично тажно. Од друга страна, добрите вести се што вашето тело е веќе чисто од вишокот јаглерод моноксид, со тоа зголемувајќи го нивото на кислород во крвта.

24 часа: Се појавува раздразливост и се зголемува апетитот. Крвниот притисок почнува да се намалува, намалувајќи го ризикот од проблеми со срцето. Вежбањето и физичката активност стануваат полесни.

2 дена: Главоболките стануваат почести и поинтензивни поради исфрлањето на никотинот од системот. Ќе забележите дека ви се подобруваат сетилата за мирис и вкус.

3 дена: Поголемиот дел од никотинот е веќе исфрлен од организмот. Ова е најтешкиот ден од откажувањето бидејќи симптомите, физички и психички, се најлоши. Добрите вести се што желбата за цигара почнува да се намалува.

2 до 4 недели: Ќе почнете да чувствувате замор, но ќе размислувате појасно. Симптомите како кашлање, депресија и анксиозност ќе се подобрат. Воглавно, после еден месец, почнува да се подобрува функцијата на белите дробови.

1 до 3 месеци: Циркулацијата на крвта продолжува да се подобрува бидејќи нема стимулант што го зголемува крвниот притисок. Доколу сте стигнале до овде, честички. Сте го поминале опасниот период.

9 месеци: Белите дробови се значајно подобрени. Телото има подобра способност да се справува со инфекциите. Ќе забележите намалување на проблемите со белите дробови.

1 година: Ризикот за коронарни болести на срцето веќе е намален за половина.

5 години: Артериите и крвните садови почнуваат да се шират. Ова го намалува ризикот од мозочен удар. Со текот на времето, ризикот ќе продолжи дополнително да се намалува.

15 години: Веројатноста за коронарна болест на срцето или рак на панкреасот е иста колку и кај непушач.

20 години: Ризикот од смрт поврзана со пушењето е речиси ист како и кај личност која никогаш не пушела.

shto-se-treba-da-znaete-za-teshkotiite-pri-otkazhuvanje-od-pushenjeto-cigari-04.jpg

Справување со повлекувањето на никотинот

Наглото откажување од цигарите ќе го направи повлекувањето на никотинот многу потешко. За полесно да се откажете, добро е да пробате некој третман со замена за никотин.

Овие продукти внесуваат доза никотин во телото без останатите штетни состојки од тутунот. Најчесто овие продукти се во форма на гума за џвакање, таблети, спрејови и слично.

Електронските цигари исто така можат да бидат добра алтернатива за пушењето, но сепак, здравствените ризици не се доволно истражени.

Терапијата за замена на никотин го намалува ризикот од повторно пушење за 60%. Целта е постепено намалување на дозата никотин сè додека личноста не е подготвена целосно да се откаже.

Сепак, за време на овој третман се појавуваат несакани ефекти како вртоглавица, несоница и главоболки.

Откажувањето од цигарите е вистински предизвик, но целиот труд вреди. Ако постои една промена што можете да ја направите за драстично да го подобрите здравјето, одберете да се откажете од цигарите.

shto-se-treba-da-znaete-za-teshkotiite-pri-otkazhuvanje-od-pushenjeto-cigari-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg