Што се случува ако не ја лечите кандидата со време?
Иако е тешко да ја игнорирате, кандидата на некои жени им се чини како нормална појава во одредени периоди од животот.
Типични симптоми се чешање, појачан бел исцедок, црвенило, односно чувство на постојано печење и непријатност при мокрење и сексуален однос.
Сепак, белите наслаги на јазикот, непријатниот издив, болките во долниот дел од грбот, хроничен замор, болки во зглобовите, кожни инфекции и чести главоболки исто така се симптомите кои ретко која жена ги поврзува токму со кандидата.
Борбата со оваа инфекција понекогаш се чини како магичен круг, па мора да биде упорни.
Прв чекор е лечењето со креми и вагиналети против габични инфекции. Исто така, мора да внимавате на исхраната и да преферирате свежа храна која го доведува телото во баланс, односно ја неутрализира pH вредноста.
Во овие периоди се препорачува често консумирање на лимон, мешунки, брокула, зелена и црвена зелка. Може да јадете месо, риба, а треба умерено да внесувате кафеав ориз, компир и леб.
Како да го спречите постојаното враќање на кандидата?
Правилната хигиена и здравата исхрана се клучни.
Важно е да не претерувате со агресивни средства за интимна хигиена, да го намалите внесот на шеќери, да избегнувате индустриски преработена храна.
Користете пробиотици и зајакнувајте го имунитетот со додатоци во исхраната.
Што може да се случи ако не ја лечиме кандидата на време?
Кандидата може да живее долго во нашиот систем за варење, без да ни создава проблеми и без симптоми.
Така, често се лечи како гастритис или сличен проблем со варењето, поради недоволни испитувања.
Важно е да утврдите каде точно се наоѓа кандидата, бидејќи последиците може да бидат разни болести како хронично воспаление на цревата, артритис или рак на матка, во најлош можен случај.
М. Д. | Црнобело