Прашок појак од сода бикарбона: Ги „убива“ болките за 2 минути, може да го излечи целото тело
Постои начин да го внесете најважниот минерал во телото по скратен пат – преку кожата.
Летото пристигна, сезоната кога поминуваме повеќе време надвор и на сонце, а тогаш треба да внимаваме на трите најважни работи: хидратација на телото, заштита од сонцето и одмор за да може телото да се одмори и да се одржува здраво.
Многумина во текот на летото се соочуваат со болки во мускулите и зглобовите кои се појавуваат поради зголемената активност. Друг проблем е сувата кожа, како резултат на потењето и влијанието на УВ зраците.
Лек за сите овие проблеми може да биде домашниот лосион од магнезиум, односно масло од магнезиум.
Магнезиумот е еден од најважните минерали и е неопходен за сите клетки во телото. Дури 300 хемиски процеси во телото зависат од магнезиумот, што значи дека во доволни количини секојдневно треба да се внесува магнезиум во телото.
Тој го подобрува здравјето на коските, го регулира нивото на енергија, ја подобрува апсорпцијата на витамин Д од сонцето, го забрзува заздравувањето на раните, ги ублажува воспаленијата, ја стимулира циркулацијата, го намалува ризикот од дијабетес… но и покрај сите овие функции многумина не внесуваат доволно магнезиум поради лошата исхрана.
Друг начин на којшто можете да внесете магнезиум во телото, покрај исхраната, е преку скратен пат, односно преку кожата. Оваа метода ќе ја задоволи дневно препорачаната доза (280-300 mg за жените, 270-400 mg за мажите), а за тоа ќе ви биде потребна само зовриена вода и магнезиум хлорид.
Рецепт за домашен лосион од магнезиум:
Состојки: 3 лажици зовриена вода, половина шолја магнезиум хлорид.
Подготовка и примена: Сè што треба да направите е да ја измешате водата со овој здрав прашок и да ја нанесете смесата на кожата. Со помош на овој лосион можете да се ослободите од болките во коските и мускулите за 2-3 минути, откако ќе го нанесете на болните места.
Истата смеса можете да ја користите за редовна нега на кожата на телото, наместо стандардните креми полни со хемикалии, само што на смесата ќе додадете и шеа путер.
(О)Милена | Црнобело