10 знаци дека полека ја надминувате депресијата
Можеби сте ги поминале последниве неколку недели во криење. Сте ги минувале деновите спиејќи, јадејќи брза храна и гледајќи филмови и серии.
Но, конечно, се чувствувате постабилно и почнувате да излегувате од вашата темнина. Конечно почнувате да излегувате од депресивната епизода.
Можеби вашите пријатели ја купиле лагата дека сте биле зафатени, а сега кога ви е подобро сакате повторно да се вратите во нормала.
Во овој период ќе почнете да правите некои работи кои другите можеби нема да ги сфатат, но кои се знак дека сте излегле од депресивната епизода.
Распоредот на спиење ви е поразличен од вообичаено
Можеби со години сте следеле ист распоред на спиење – сте си легнувале рано и сте станувале рано. Сепак, кога започнала депресивната епизода веројатно сте сакале да останете подолго во кревет.
Но дури и кога ќе почне да ви станува подобро, ќе ви биде потребно време да се синхронизирате. Можно е да се чувствувате тешко во текот на денот и да дремнувате, но ова пак ве тера да останете будни до доцна навечер.
Одеднаш сте станале навистина сентиментални
Доколку после неколку недели изолирање сте забележале дека сакате да разговарате со пријателите, тоа е знак дека ја надминувате депресивна епизода. Почесто ги контактирате и им се јавувате само за да ги прашате дали се добри.
Можно е дури и да ја покажувате вашата наклонетост со повеќе прегратки и допири. Додека сите мислат дека сте само полни со љубов, вие всушност сте благодарни што не сте ги изгубиле саканите во тешкиот период.
Почесто се чувствувате како да имате товар врз себе
Најверојатно сè уште не сте целосно стабилизирани – вашето расположение се менува, а за тоа се потребни и најмали ситници. Можно е да плачете повеќе од вообичаено, а можно е и да ви се потребни моменти да ја смирите анксиозноста. Никој нема да го забележи ова освен вие самите.
Промени во апетитот
Еден ден мислите дека можете да изедете сè, но наредниот не ни помислувате на храна. Можеби сте радосни за некој оброк, но по едно залче сфаќате дека не можете да јадете повеќе. Ова е сосема нормално во неколкуте денови после депресивна епизода.
Објавувате мотивациони пораки на социјалните мрежи
Доколку сте биле активни на социјалните мрежи, депресивната епизода најверојатно го променила тоа. Сега, кога се чувствувате подобро, сакате повторно да се вратите во игра.
Во овој случај се свртувате кон афирмациите, мотивационите пораки и што било што ќе ве натера да верувате дека се движите напред. Овие пораки толку многу допираат до вас, што сакате да ги споделите и другите.
Сепак, никој не сфаќа дека на овој начин се мотивирате самите.