5 начини да се ослободите од надуеноста во стомакот

Чувството на надуеност во стомакот може да се случи секому, а најчесто се случува како по Марфиев закон, тогаш кога не треба - на состанок, при јавно обраќање или кога сте заглавени во сообраќај.

5 nacini da se oslobodite od naduenosta vo stomakot 01

Без оглед на причината, надуеноста може да биде исклучително непријатна, па затоа одвојуваме 5 практични совети како да ја одбегнете и да се вратите во нормала.

Подгответе смути за детоксификација

Секогаш кога ќе се почувствувате надуени, прво место каде треба да појдете е кујната. Блендерот е вашиот најверен сојузник во случајов, а магичниот напиток го содржи следново: кокосова вода, кељ, блитва, магдонос, ананас, лимон, свеж ѓумбир и многу мраз.

Овој зелен напиток направете го за појадок и ручек, а за вечера подгответе зеленчукова супа. Растителните влакна од сите овие намирници ќе ги придвижат работите во вашиот дигестивен тракт и веќе следното утро ќе почувствувате големо олеснување.

5 nacini da se oslobodite od naduenosta vo stomakot 02

Внесете анасон во исхраната

Кога се чувствувате подуени по оброкот, џвакајте половина лажичка сув печен органски анасон. Сушете го семето во тава на средна температура, нежно мешајќи додека не почувствувате богата арома.

Потоа, нека се излади и чувајте го во стаклена тегла.

5 nacini da se oslobodite od naduenosta vo stomakot 03

Масирајте го стомакот

Легнете на рамна површина и нежно масирајте го вашиот стомак во насока на стрелките на часовникот со неколку капки масло од сусам. Маслото од сусам помага во намалување на грчевите кои произлегуваат од гасовите.

Ова, исто така, помага да го „поттурнете“ гасот и да го размрдате дебелото црево давајќи им нежен притисок во вистинската насока.

5 nacini da se oslobodite od naduenosta vo stomakot 04

Пијте многу вода и пешачете

Ова е е универзален лек за многу состојби, па можеби е крајно време да почнете да го користите стакленото шише што ви стои како украс и да пешачите малку повеќе.

Доволната количина течност, всушност, помага да се намали задржувањето на водата во телото, а движењето по јадење помага во варењето.

Да не повторуваме дека ќе почувствувате генерално подобрување - понекогаш најлесните решенија навистина функционираат најдобро.

5 nacini da se oslobodite od naduenosta vo stomakot 05

Препознајте ја храната што ви прави проблем

За некого тоа е лук или кромид, за друг млечни производи - препознајте ги намирниците што ве создаваат тегоби и одбегнувајте ја таа храна.

Меѓутоа, ако сметате дека сте постојано надуени (и ништо што се обидувате да направите не ви помага), закажете преглед кај вашиот лекар.

Може да има нешто во вашата исхрана на кое сте чувствителни а не сте свесни за тоа, или пак во прашање е посериозен дигестивен проблем.

5 nacini da se oslobodite od naduenosta vo stomakot 06

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg