Гените се важни, но радоста е поважна за долговечност
Насмевки, пријатели, прифатеност од околината и задоволство од животот е рецептот за долговечност.
Истражување на Харвард правено во текот на 80 години дојде до резултат дека гените се важни за долговечноста, но радоста во животот е уште поважна.
Прифатеноста од општеството и задоволството од нашиот живот прават да живееме долго и среќно.
Исто така, истражувачите откриле дека моќен ефект врз нашето здравје имаат и нашите љубовни врски, како и навиката да се грижиме за своето тело, односно да имаме оформено убава врска со самите себе.
Имањето луѓе на кои можеме да се потпреме во животот го смирува нашиот нервен систем, ја намалува емоционалната непријатност и го подобрува здравјето на мозокот.
Сите пари на светот немаат вредност како неколку блиски и вистински пријатели и споделената радост со нив за малите животни настани.
С. С. | Црнобело