Митови во кои веднаш треба да престанете да верувате за да го зачувате женското здравје

Жените неретко посегаат по производи за интимна нега, но изгледа дека геловите, дезодорансите и депилацијата не се неопходни. Напротив, понекогаш можат да предизвикуваат сериозна штета. 

 mitovi-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-za-da-go-zachuvate-zhenskoto-zdravje-01.jpg

Според гинеколозите, најдобро е да престанете да верувате во следниве митови за вагината доколку сакате да го зачувате вашето здравје:

Мит 1: Вагината ќе биде почиста ако ги отстранувате срамните влакна

Во една анкета од 2016-та година, поголемиот број жени изјавиле дека ги отстрануваат срамните влакна поради хигиена и чистота.

Но, кожата на жената која се бричи или која се депилира е посклона на инфекции. Нема никакви податоци кои покажуваат дека гениталиите се поздрави после овие третмани.

Отстранувањето на влакната може да предизвика и нивно сраснување, а доколку се обидете да ги извадите со пинцета, само го зголемувате ризикот од инфекција.

Пред да се одлучите целосно да ги отстранувате срамните влакна, важно е да знаете дека тие се како заштита од нечистотии. Според повеќето гинеколози, најздравата и најсигурната опција е да ги скратите влакната со ножици.

Мит 2: Геловите за интимна нега ја одржуваат рН вредноста на вагината

Вагината е орган што самиот се прочистува, а геловите само можат да ја исушат и да предизвикаат инфекции бидејќи ја нарушуваат природната бактериска рамнотежа.

Доколу имате проблем со непријатен мирис, тогаш треба да одите на гинеколог. Во овој случај, проблемот бара многу повеќе од гелови за интимна нега.

Исто така, важно е да знаете дека секоја вагина има единствен мирис, па не треба да ве загрижува ако вашиот е поразличен.

Мит 3: Дезодорансите за гениталии се безопасни и го отстрануваат непријатниот мирис

Како и геловите за интимна нега, и дезодорансите се сосема непотребни. Користењето на овие продукти повторно ја нарушува рамнотежата на вагината поради хемикалиите што ги содржат.

Овие продукти имаат лошо влијание врз добрите бактерии во вагината кои ја спречуваат појавата на габични и други инфекции.

Покрај тоа, парфемите во овие продукти можат да ја иритираат надворешната кожа на гениталиите.

Мит 4: Колку е поскапа долната облека, толку е подобра

Најчесто мислиме дека кога нешто е скапо, дека е и поквалитетно. Но кога станува збор за долната облека, понекогаш високата цена може да биде лоша.

Имено, долната облека од свила и синтетички материјали ја задржува влагата во областа на препоните. Ова пак води до појава на габични инфекции. Затоа, најдобро е да купувате памучна долна облека.

Исто така важно е да го менувате костимот за капење и долната облека за вежбање веднаш после тренинг. Ако останете со влажна долна облека, повторно се зголемува ризикот од габични инфекции.

Мит 5: Вагината треба да се чисти со сапун

Лекарите се сложни дека оваа изјава е целосно неточна. Кај некои жени, дури и најмалото количество сапун може да предизвика бактериска нерамнотежа, што пак може да резултира со инфекција.

Наместо со сапун, препорачливо е да ја чистите вагината со топла вода.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg