10 видови болка кои можеби укажуваат на нешто посериозно
Постојат болки кои понекогаш можеби ги трпите, но со ова можете да си нанесете вистинска штета.
Понекогаш не треба да ја игнорирате болката бидејќи може да укажува на посериозен проблем.
Погледнете кои се видовите болка за кои е најдобро веднаш да се консултирате со лекар:
Болка во градите
Ненадејната силна болка во градите која се проширува кон вратот и рацете, особено левата, може да биде знак за инфаркт. Истото важи и ако болката трае подолго од 15 минути.
Остра болка од едната страна на белите дробови
Болката во градите придружена со недостаток од воздух можеби кажува дека има простор помеѓу дробовите и дека градниот кош продрел во дробот.
Оваа состојба е позната како пнеумоторакс и е опасна по живот - може да предизвика колапс на белиот дроб. Пнеумотораксот се јавува спонтано, кога ќе пукне меур на работ од белиот дроб, низ кој почнува да излегува воздух.
Остра болка во горниот дел од стомакот
Доколку почувствувате силна болка во стомакот која не се намалува, а притоа имате општо лошо здравје, можно е да станува збор за чир на желудникот.
Тапа болка во горниот дел на стомакот
Оваа болка придружена со подуеност и мачнина може да укажува на воспаление на панкреасот, состојба што бара итно лекување.
Болка во десниот долен дел на стомакот
Доколку покрај постојана болка чувствувате мачнина и имате висока температура, можно е да станува збор за воспаление на слепото црево. И оваа состојба бара итна медицинска нега.
Тапа болка во левиот долен дел од стомакот
Доколку забележите тапа болка во левиот долен дел од стомакот која само се засилува, можно е да станува збор за акутен дивертикулитис.
Болка во бубрезите
Ненадејна остра и интензивна болка која се јавува во областа на бубрезите може да укажува на камења во бубрезите. Исто така болката може да се прошири и во областа кај препоните. И оваа состојба бара итно лекување.
Болка во 'рбетот
Болката која се шири од 'рбетот кон надворешната страна на едната нога, најчесто е знак за ишијас.
Болка во ногата
Кај пациентите кај кои се јавува ненадејна болка во едната нога, а кожата е бледа и ладна, најчесто станува збор за тромбоза.
Главоболка
Наглите интензивни главоболки пропратени со трнење во едната рака и истата нога можно е да укажуваат на мозочен удар.
Спирова С. | Црнобело