Топла бања за стапала со домашни состојки, која ослободува од стрес и болка

Покрај тоа што топлата бања го релаксира целото тело, можете да ја правите и само за стапала за опуштање, ослободување од стрес и болки.

topla-banja-za-stapala-so-domashni-sostojki-koja-osloboduva-od-stres-i-bolka-1.jpg

Освен масажа, топлата бања одлично влијае за ослободување од стрес, па може почесто да ги потопувате стапалата во вода со неколку додатоци.

Постои едноставен рецепт за идеална топла бања која треба да ја практикувате по долг и стресен работен ден.

topla-banja-za-stapala-so-domashni-sostojki-koja-osloboduva-od-stres-i-bolka-02.jpg

Со мешавината од сите состојки, ќе се ослободите од бактериите и габите на стапалата, ќе го подобрите протокот на крв и ќе го зголемите нивото на енергија, секако ќе се чувствувате релаксирано.

Што ви е потребно:

  • Сок од лимон
  • Есенцијално масло од пеперминт
  • Горка сол (епсома сол/магнезиум сулфат)
  • Маслиново масло
  • Леген топла вода

Начин на подготовка:

Наполнете леген со топла вода. Додадете неколку капки есенцијално масло, 2 лажици сол и 2 лажици маслиново масло. Измешајте добро.

Додадете го сокот од 1 лимон. Кога ќе го исцедите до последна капка, исечете го и додадете го во водата.

Магичната мешавина е подготвена – потопете ги стапалата и уживајте 15 минути. Потоа, исплакнете со топла вода и истријте ги мртвите клетки од кожата.

topla-banja-za-stapala-so-domashni-sostojki-koja-osloboduva-od-stres-i-bolka-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg