Рани знаци на депресија кои не треба да ги игнорирате

Дали се чувствувате чудно и се прашувате дали сте депресивни? Дали всушност знаете кои се првите знаци на депресија?

7-rani-znaci-na-depresija-na-koi-treba-da-vnimavate-01.jpg

Во продолжение можете да ги погледнете првите симптоми кои се јавуваат од оваа состојба.

Имајте на ум дека колку порано ќе ја забележите депресијата, толку полесно ќе се ослободите од неа.

1. Безнадежност

Дали постојано се соочувате со чувство на безнадежност? Дали размислувањето за иднината ве плаши бидејќи сè ви изгледа „црно“? Кога сте во депресија, позитивното размислување за иднината е речиси невозможно.

Во оваа состојба тешко е да си замислите дека некогаш ќе ви биде подобро, па исто тешко ви е да си замислите и дека ве чека светла иднина.

Важно е да знаете дека безнадежноста е еден од главните знаци на депресија и неретко предизвикува самоубиствени мисли.

Доколку забележите дека се чувствувате безнадежно, најдобро е веднаш да побарате помош од професионалец.

2. Промени во спиењето

Дали сте забележале какви било промени во спиењето? Можеби спиете премногу, или пак воопшто не можете да заспиете.

Промените во спиењето се еден од знаците на депресија. Доколу не можете да заспиете, причината се вашите мисли и чувството на безнадежност што ве држат будни.

Од друга страна, можно е да спиете и повеќе бидејќи вашиот ум е преморен, па сонот изгледа како единствено бегство.

Доколку сте забележале какви било промени во вашите навики за спиење, можеби треба да побарате помош.

3. Недостаток од интерес

Дали сите нешта што ви причинувале задоволство сега воопшто не ве интересираат?

Кога сте депресивни, и наједноставните задачи можат да изгледаат тешко. Дури и нештата што сакате да ги правите ви изгледаат невозможни. А кога целиот ден ќе го поминете седејќи така, вашата депресија само ќе се влоши.

Доколку неможете да ги правите ни нештата што ги сакате, можеби се соочувате со депресија.

4. Недостаток од енергија

Еден од најлесните начини да ја забележите депресијата е недостатокот од енергија. Дали станувањето од кревет ви изгледа невозможно? Доколку сте забележале дека ви е потребен вистински напор за да ги завршите секојдневните обврски, можно е да сте депресивни. И во овој случај, побарајте помош од професионалец.

5. Гнев и нетрпеливост

Дали сте погневни и помалку трпеливи кон вашите сакани? Дали колегите се жалат бидејќи им е тешко да работат со вас? Дали вашиот партнер ве избегнува бидејќи постојано се чувствувате фрустрирано?

Гневот и нетрпеливоста често се помеѓу првите знаци на депресија. Важно е да го решите овој проблем пред да му дозволите на гневот да ви го уништи животот и врските со саканите.

6. Изолација

Еден од најголемите знаци на депресија е желбата за изолација.

Кога сте депресивни, самата помисла да излезете со некого е неподнослива. Дружењето и разговарањето со други само ве прави безнадежни и очајни.

Иронично, еден од најдобрите начини за справување со депресијата е минување време со саканите. На овој начин ќе можете да се оттргнете од вашите мисли, макар и на миг.

Доколку сте забележале дека ги избегнувате другите повеќе од вообичаено, не плашете се да побарате помош.

7. Омраза кон себе

Најтешкиот знак за забележување е омразата кон себе. Луѓето со депресија кои се безнадежни, гневни и изолирани се луѓето кои не се сакаат себеси.

Тие не го сакаат нивното однесување, не им допаѓа што ги повредуваат другите и криво им е што не можат да уживаат во нештата што ги сакаат. Се чувствуваат лошо бидејќи и станувањето од кревет им е навистина тешка обврска.

Покрај тоа, околу депресијата сè уште постои стигма, па луѓето кои страдаат од болеста се обвинуваат самите за нивните мисли. Тие веруваат дека навистина можат да ги потиснат чувствата или самите да се извлечат од депресијата.

Но, ова само ќе ја вложи состојбата. Па доколку имате проблеми со вашата самодоверба какви што сте немале досега, голема е веројатноста да имате депресија.


Важно е да знаете дека депресијата не е ваша вина. Тоа е нешто што се случило поради хемиска нерамнотежа во мозокот или поради некој животен настан. Депресијата не е нешто што само можете да го надминете, но можете да се справите со неа доколку побарате помош. Па, направете го тоа уште денес.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg