Работи кои треба да ги знаете за антибактериските гелови

Антибактериските гелови го намалуваат бројот на микроорганизми на кожата. Тие се одлична алтернатива кога не сте во можност да ги измиете рацете, но сепак, не се замена за миењето со сапун.

neshta-shto-treba-da-gi-znaete-za-antibakteriskite-gelovi-01.jpg

Дел од состојките на овие гелови е и пријатниот мирис, кој дава чувство на чистота, како и состојки за нега на кожата. Сепак, употребувањето на овие гелови ја суши кожата бидејќи тие содржат алкохол.

Најчестата состојка е алкохол глицерол, а неретко имаат и екстракт од алое вера. Глицеролот ја навлажнува кожата и го спречува нејзиното сушење.

За најдобри резултати, примената на антибактериските гелови треба да биде според упатството. Многу истражувања покажале дека времето поминато кај вообичаеното миење раце е поврзано со ефикасноста на состојките кои ги уништуваат микроорганизмите.

Исто и кај геловите за раце, времето на контакт и количеството на гел се важни за доброто влијание. Сите овие производи имаат антимикробно својство. Сепак, се разликуваат по составот и по нивното делување.

Заедничко на сите антибактериски гелови им е тоа што не бараат употреба на вода и се нанесуваат со втривање на кожата.

Јасно е дека во овој случај не станува збор за миење на рацете, туку само се намалува бројот на микроорганизми. Поради тоа, овие продукти се погодни за веќе „чисти“ раце, односно, не делуваат добро доколку рацете не се доволно чисти. Гелот може да се нанесе и под ноктите.

Поради високото количество на етанол, антибактериските гелови не се погодни за оштетена кожа. Доколку немате никакви проблеми со кожата, можете да ги користите слободно.

Корисни напомени и совети:

- Антибактериските гелови не се за нега на кожата и не треба да ги користите како такви.

- Геловите треба да ги држите понастрана од извор на топлина и од дофат на деца.

- Некогаш во геловите се користел триклосан, состојка опасна и за здравјето и за околината.

- Можете да направите и ваш антибактериски гел така што ќе измешате третина лажица гел од алое вера со две третини лажица алкохол. Можете да додадете и малку есенцијално масло за подобар мирис.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg