Што кажува вагиналниот исцедок за вашето здравје?
Важно е да знаете дека вагината треба да има свој мирис и слуз. Вагиналниот исцедок се појавува како течност што ја лачат жлездите во вагината и матката. Преку овој исцедок се отстрануваат мртвите клетки и бактериите, а истовремено се одржува и чистотата на вагината, со што би се спречила појавата на инфекции.
Нормалниот вагинален исцедок е различен и може да биде со различна боја – од проѕирна до бела. Исто така, исцедокот може да има и благ мирис.
Најчесто мирисот на риба укажува на некаква инфекција, но за среќа денес постојат многу начини да се ослободите од овој проблем.
Густ млечно бел исцедок
Најчесто, овој исцедок е поврзан со овулацијата, која пак е различна кај секоја жена. Млечно белиот исцедок е знак дека сте овулирале и дека вашето тело се подготвува за оплодување.
Најчесто во овој случај нема простор за паника, ниту потреба од посета на лекар.
Кремаст исцедок
Овој исцедок обично се појавува после овулација, кога течноста од вагината почнува да ја менува бојата и густината. Исцедокот се менува од чист и леплив, до кремасто бел или малку жолт.
Во оваа фаза од менструалниот циклус, исцедокот не би требало да има непријатен мирис. Исто така не треба да има и други симптоми како печење или чешање.
Жолтеникав леплив исцедок
Иако светло жолтиот исцедок е сосема нормален пред или после менструација, доколку стане потемен или има непријатен мирис, најверојатно станува збор за инфекција.
Ова може да биде последица и од воспалителни болести, бактериска вагиноза, но и сексуално преносливи инфекции. Доколку забележите ваква промена, најдобро е да одите на гинеколог.
Кафеав леплив исцедок
Овој исцедок најчесто се појавува после менструацијата. Кафеавиот исцедок е всушност слуз измешана со стара крв, која станува потемна. Д
ури и најмалото количество крв може да го направи исцедокот потемен.
Мирис
Веројатно се прашувате зошто понекогаш вашата вагина има непријатен мирис. Најчесто причината е рН вредноста на вагината што може да ја направи покисела.
Сепак, и во овој случај мирисот не треба да биде силен. Доколку мирисот потсетува на риба, најверојатно станува збор за бактериска вагиноза. Мирисот на леб па може да биде знак за габична инфекција.
Терапиите за овие проблеми најчесто се вагинални таблети и креми против габи.
Мирисот на метал најчесто е поради крв, а се препорачува да употребувате сапуни без мирис за да не ја нарушите рН вредноста на вашата вагина.
За да се справите со вагиналните проблеми, најдобро е да посетите гинеколог. Во меѓувреме, пијте многу вода, бидете активни и употребувајте пробиотици за одржување на интимната флора.
Спирова С. | Црнобело