Зошто не треба да ги фрлате дршките од црешите?
За црешите знаеме дека се здраво овошје, но кој би рекол дека и делот кој го фрлате без да размислите двапати може да биде корисен?
Дури и дршките на црешите се здрави, ако ги сочувате и ги ставите во зовриена вода, па ги консумирате како чај.
За здравиот пијалак ви требаат само 2 лажици суви, иситнети дршки од цреши, прелиени со 2,5dl вода или млеко.
Варете 2-3 минути, а потоа покријте го садот да отстои уште 10-тина минути.
Процедете и топлиот чај пијте го 3 пати на ден, по оброк.
За што ќе ви помогне овој пијалак?
- Ќе ги олесни симптомите кај луѓето кои имаат камчиња во бубрезите.
- Ги решава проблемите со импотенција.
- Помага за подобра работа на црниот дроб
- Го олеснува варењето на храната
- Може да помогне во борбата против наталожениот целулит
М. Д. | Црнобело