Покрај скршено срце, раскинувањето предизвика уште 8 здравствени проблеми – кои се тие?

Знаеме дека прекинот на врската никогаш не е лесен. Емоциите се натрупуваат, се појавуваат солзите, сè ве потсетува на сакана личност. 

Raskinuvanje moze da predizvika duri devet zdravstveni problemi a ne samo skrseno srce 01

Меѓутоа, кога временски ќе се оддалечите од прекинот на врската ќе забележите дека научивте неколку важни животни лекции, но нема веднаш да ја гледате големата слика.

Често се случува психолошки да ви е тешко, но исто така, чувствувате и физичка болка. Научниците велат дека целото тело реагира на прекините. Понекогаш многу турбулентно. 

Раскинувањето може да предизвика дури девет здравствени проблеми, а не само скршено срце:

1. Физичка болка

Некои од најчестите болки кои можат да се почувствуваат после прекин се главоболки и абдомeнални болки. Менталниот и емоционалниот стрес што го чувствувате може да се манифестира преку физичка болка.

2. Апетит

Апетитот може да се деградира или да зајакне. Некои луѓе едноставно забораваат да јадат по раскинувањето и губат на тежина. Другите се прејадуваат за да ја исполнат емоционалната празнина, но ова чувство на оптимизам брзо поминува.

3. Неколку фази на тага

Раскинот започнува со некој вид на „нормална“ тага, но ако таа тага не помине може да се појави депресија.

Raskinuvanje moze da predizvika duri devet zdravstveni problemi a ne samo skrseno srce 02

4. Слаба концентрација

Нашиот ум е, без разлика дали сме свесни за тоа или не, долго време e оптоварен со раскинувањето. Создаваме различни сценарија за тоа што и зошто се случило, кој е виновен, можеше ли сето тоа да се спречи?

Кога е мозокот преоптоварен, се разбира, фокусот е послаб. Можеби по раскинувањето ќе правите повеќе грешки. Не се грижете, нормално е да почнете да се сомневате во себе после раскинување на врска.

5. Синдром на скршено срце

Секој психолошки и физички стрес може да предизвика скршено срце.

Болест позната како синдром на скршено срце предизвикува слична состојба како срцев удар. Срцето работи бавно, личноста останува без воздух и чувствува болка во градите.

Raskinuvanje moze da predizvika duri devet zdravstveni problemi a ne samo skrseno srce 03

6. Проблеми со спиење

Некои луѓе спијат премногу долго кога ќе раскинат, но многу почест проблем е несоница. Колку повеќе се обидувате да заспиете толку поголем притисок создавате.

7. Проблеми со кожата

Покрај фактот што луѓето помалку се грижат за себе после раскинувањето можат да се појават и проблеми со кожата. Ова се случува поради прекумерна секреција на кортизол, хормон за стрес, што може да доведе до појава на акни.

8. Губење на косата

Стресот по прекинувањето може да предизвика прекумерно губење на косата.

9. Слаб имунолошки систем

И повторно тој стрес. Стресот може да го ослабне целото тело, поради што станувате изложени на болести и инфекции.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg