Изненадувачки работи кои ги влошуваат алергиите

За луѓето кои страдаат од сезонски алергии, пролетта не е многу забавна. Додека некои предизвикувачи се сосема очигледни, некои од вашите секојдневни навики, всушност, можат да ги влошат овие симптоми. 

Ovie iznenaduvacki raboti gi vlosuvaat alergiite 01

Откријте ги шестте виновници кои ги отежнуваат вашите алергии.

Вашата облека

Поленот лесно може да се залепи за ткаенината, а по денот што го поминавте надвор истиот го внесувате во куќата, ширејќи го на каучот, креветот и трпезаријата.

За да се спречи ширењето на потенцијалните алергени, промените ја облеката веднаш штом ќе се вратите дома и измијте ја во топла вода.

Одредено овошје и зеленчук

Одредени сурови производи (како што се јаболка, домати и целер) имаат протеини на површината кои вашето тело можат да го измешаат со поленот.

Ова се нарекува синдром на орална алергија, а може да доведе до непријатни симптоми како што се чешање на грлото и устата.

Ovie iznenaduvacki raboti gi vlosuvaat alergiite 02

Стрес

Ако ви треба друга причина за одмор, истражувањата покажуваат дека стресот лошо влијае на луѓето кои страдаат од алергии. Повисоко ниво на стрес предизвикува почести алергиски реакции.

Алкохол

Една чаша вино може да донесе повеќе штета отколку добро. Иако сите пијалаци дејствуваат како вазодилататори (т.е. ги прошируваат крвните садови, што може да доведе до течење на носот), црвеното вино е особено проблематично, бидејќи е полно со сулфати.

Овие соединенија всушност предизвикуваат алергиска реакција.

Контактни леќи

Отфрлете ги леќите и носете очила за време на сезоната на алергии, велат експертите. Носењето леќи може да доведе до собирање на поленот во очите, што може да предизвика иритација.

Ovie iznenaduvacki raboti gi vlosuvaat alergiite 03

Чад од цигари

Дури и ако не сте пушач држите се настрана од изворот на чадот, бидејќи може да ги влоши симптомите на алергијата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg