Како влијае морето на нашиот мозок?

Морето е здраво, гледано од која било гледна точка. Всушност, кога луѓето ги набљудуваат бесконечните простори во нашата перцепција и емоционална состојба се случуваат промени. 

Znaete li kako moreto vlijae na nasiot mozok 01

Промените се зголемуваат кога овој бесконечен простор се движи во одреден ритам. Поради тоа многу луѓе можат со часови да седат и да го гледаат морето, без да прават нешто.

Медитација и набљудување на морето можат да ја променат нашата ментална состојба, на следниве начини:

Морето ја зголемува креативноста

Потврдено е дека една преоптоварена средина исполнета со истовремени симултани предизвикува стрес. Ова ни се случува кога, на пример, ќе нѐ вознемири огромниот булевар на големиот град со многу автомобили, луѓе, згради…

Нашиот поглед се соочува со многу стимули во исто време, поради што се чувствуваме преоптоварено.

Морето има сосема спротивен ефект. Се работи за голем воден простор во кој нема многу елементи. Можеме да видиме бранови, морски птици и можеби некој брод. Ваквата средина ни овозможува да ги канализираме нашите ресурси во создавање на иновативни мисли, без да го губиме вниманието на неважните нешта.

Морето ја олеснува медитацијата

Ги вклучува речиси сите наши сетила. Има нежен и ритмички звук, сина или зелена боја која го смирува умот и мирис. Сите овие елементи влијаат на создавањето на алфа бранови во мозокот, кои се карактеристични за спиењето.

Кога овие бранови се појавуваат во будна состојба ни овозможуваат да го фокусираме вниманието. Оваа состојба на умот може да се постигне и со медитација.

Znaete li kako moreto vlijae na nasiot mozok 03

Придонесува за релаксација и ја намалува анксиозноста

Ова е можеби најочигледниот ефект кој морето го има врз мозокот. Бојата, движењето и големината го одмараат мозокот и целиот нервен систем. Пред нашите очи имаме целосно отворен простор, кој го комплетира бесконечното небо.

Инстинктивно, мирното море ни влева доверба, бидејќи во широкиот простор не постојат „скриени“ места. Нашиот мозок тоа го толкува како отсуство на закани.

Има речиси хипнотички ефект

Набљудувањето на морето може да ни помогне да влеземе во нова ментална состојба, бидејќи предизвикува формирање на алфа бранови. Во исто време, од гледна точка на емоции, предизвикува голема привлечност.

Ова води кон релативизација на концептот за времето. Затоа можеме да поминеме многу часови гледајќи го морето, без да забележиме.

Znaete li kako moreto vlijae na nasiot mozok 02

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg