Совети како да го намалите стресот кога се обидувате да зачнете дете

Не му пишувајте на партнерот додека е на работа дека во моментот сте плодни, само додавате притисок.

soveti-kako-da-go-namalite-stresot-koga-se-obiduvate-da-zachnete-dete-01.jpg

Кога подолго се обидувате да зачнете дете и завршува со неуспех, нормално е да се појави стрес и анксиозност, како кај мажите, така и кај жените.

Постојаното мислење на оваа тема, пресметката на плодни денови, консултацијата со доктори, ви прави константен немир.

Совети како да се справите со анксиозноста во миговите кога се обидувате да зачнете:

- Не му ги кажувајте сите детали на партнерот за вашиот менструален циклус, тоа ја убива страста.

- Зборувајте отворено како заедно да го пребродите овој период, а ако не можете побарајте помош од советник за парови.

soveti-kako-da-go-namalite-stresot-koga-se-obiduvate-da-zachnete-dete-06.jpg

- За мажот да може да има секс, потребна му е страст, а закажувањето на сексуалниот живот не придонесува за тоа. Ако му дадете конкретен термин кога треба да биде дома може да ја уништи целата забава и романтика. Обидете се да го намалите притисокот на секој можен начин.

- За многу мажи проблем со ерекцијата може да се јави во овој период на зачнување од стрес, но ако тоа е долготрајно, консултирајте се со доктор.

soveti-kako-da-go-namalite-stresot-koga-se-obiduvate-da-zachnete-dete-03.jpg

- Не ја мерете базалната температура постојано, таа се менува многу лесно, а ако постојано мерите цело време се потсетувате дека се обидувате да зачнете.

- Не му пишувајте на партнерот додека е на работа дека во моментот сте плодни, само додавате притисок.

soveti-kako-da-go-namalite-stresot-koga-se-obiduvate-da-zachnete-dete-04.jpg

- Малку олабавете со апликациите за тоа кога овулирате и другите помошни средства, иако тоа е во ред во умерена граница, може да станете опседнати со нив.

soveti-kako-da-go-namalite-stresot-koga-se-obiduvate-da-zachnete-dete-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg