4 митови за минерална вода во кои не треба да верувате
Минерална вода е пијалак кој има предизвикано многу контроверзии. Некој ја смета за лековита, додека другите веруваат дека не е здрава како природната вода.
Минералната вода лекарите не ја сметаат за здрава опција. Проблемот е што оваа вода содржи јаглерод диоксид што ја прави газирана, а содржи и ниска јаглеродна киселина.
Ова се четири големи митови за минералната вода, кои се прилично распространети кај нас, а се целосно невистинити.
Мит 1: Минерална вода не хидрира како обична вода
Порано се верувало дека јаглеродниот диоксид, кој се наоѓа во минералната вода, го спречува телото да ја апсорбира влагата од водата, но понатамошните истражувања покажаа дека ова не е точно.
Минералната вода е подеднакво добра за закрепнување на телото после вежбање како и обичната вода.
Мит 2: Минерална вода е лоша за забите и коските
Кога ќе се спојат вода и јаглерод диоксид се формира јаглеродна киселина, која може да го оштети забниот глеѓ. Но за ова да се случи би требало да пиете многу минерална вода секој ден, околу 6 литри.
Мит 3: Минералната вода не помага при губење на тежината како обичната вода
Минералната вода може да предизвика привремена надуеност што може да има позитивен ефект врз вашата фигура. Истражувањата покажаа дека минералната вода создава чувство на ситост поефикасно од обичната вода, особено ако се консумира на празен желудник.
Ова значи дека минералната вода е одличен помошник при губење на тежината. Но избегнувајте ги водите кои содржат вештачки засладувачи, бидејќи истите можат да ја зголемат вашата желба за слатко.
Мит 4: Минералната вода предизвикува жиговина
Минералната вода нема да предизвика жиговина, но може да ја влоши истата, доколку веќе постои. Затоа се препорачува да се избегнува или да се пие само обична вода, особено додека јадете.
Ашера | Црнобело