Свадба, стан, бебе: Како „најсреќните“ моменти во животот ви штетат на менталното здравје?

Од изгледот на венчаницата до големината на станот што ќе го купат и возраста на која ќе добијат бебе, луѓето постојано се под притисок како ќе се покажат.

kako-najsrekjnite-momenti-vo-zhivotot-mozhe-da-vi-shtetat-na-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Стапувањето во брак, добивањето бебе и купувањето дом се сметат за најсреќни моменти во животот, но за многумина тие се стресни.

Во овие мигови луѓето се ранливи ако почувствуваат дека нивната реална ситуација не изгледа така како што наложува општеството, односно не можат да ги достигнат „критериумите“ поставени од општеството.

Очекувањата за како нешто треба да изгледа прават притисок, откриваат 56% од луѓето во едно британско истражување.

mourning-someone-you-dont-know.png

Од изгледот на венчаницата до големината на станот што ќе го купат и возраста на која ќе добијат бебе, луѓето постојано се трудат да задоволат некого.

Под лупа се постојано, па сите будно внимаваат кога ќе најдете работа, кога ќе се вратите од работа по добивањето на бебе, па ќе ве споредуваат со другите итн.

kako-najsrekjnite-momenti-vo-zhivotot-mozhe-da-vi-shtetat-na-mentalnoto-zdravje-03.jpg

Oва е најизразено при големите животни настани како свадба, родителство или купување на дом. Сето ова влијае на менталното здравје и самодовербата. Социјалните мрежи дополнително придонесуваат за притисокот.

Така што ако минувате низ ваков период, не грижете се, голем број луѓе се соочуваат при ист стрес за време на „најсреќните“ мигови во животот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg