5 работи кои треба да му кажете на вашиот пријател со анксиозност
Дали имате другар или другарка кои не можат да го пронајдат својот духовен мир? Нешто ги мачи, страдаат од анксиозност и вие треба да им помогнете.
Големи се шансите некој од вашата околина да страда од анксиозност. Тоа е секојдневна битка и ако имате пријател во ваква состојба, тогаш треба да му помогнете.
Мора внимателно да ги избирате зборовите со него.
Работи кои треба да му ги кажете на вашиот пријател со анксиозност:
„Што можам да сторам за да ти помогнам во моментов?“
„Дали би помогнало ако само седам тука со тебе?“
„Те сакам и секогаш сум тука за тебе, без разлика што и да се случува.“
„Дали сакаш да дојдам за да зборуваме?“
„Дали би сакал совет од мене или сакаш само да те ислушам?“
С. С. | Црнобело