Заболувања коишто може да ги спречите доколку внимателно ги погледнете вашите чевли
Погрешниот избор на чевли може да предизвика многу заболувања од коишто не страдаат само вашите стапала, туку и вашата глава и срце.
За да ги препознаете можните здравствени проблеми пред да станат посериозни, некогаш е доволно само да ги погледнете вашите чевли и да дознаете повеќе од што сте очекувале:
1. Центарот на ѓонот
Доколку забележите дека чевлите се излижани под центарот на перничињата на стапалото, тоа значи дека премногу ја напрегате ахиловата тетива. Ова може да биде резултат на погрешен или пренапорен спортски тренинг или резултат на погрешно избрани чевли.
Оптоварувањето на зглобовите може да доведе до воспаление на тетивата.
2. Внатрешните агли на внатрешноста од чевелот
Преголема истрошеност на овој дел од внатрешноста на чевлите може да значи дека нозете ги вртите навнатре додека одите, иако можеби тоа не го приметувате. Доколку не се консултирате на време со специјалист ова може да се влоши, па дури и да доведе до ризик од завлекување на нозете при одење (brachybazia).
3. Внатрешните и надворешните агли од ѓонот
Доколку овие делови од ѓонот се поизлижани, тоа може да значи дека патите од рамни стапала што може да доведе до предизвикување на застој во растењето на тој дел од коската (osteochondrosis).
4. Надворешниот крај од ѓонот
Ова излижување на надворешните краеви од ѓонот на чевлите може да биде знак на појава на деформирање на лакот на ногата и појава на извиткани стапала навнатре.
5. Под прстите на внатрешноста од чевелот
Голема излижаност во овој дел значи дека носите превисоки потпетици, а тоа може да биде причина за osteoarthritis. Според ортопедите најудобните чевли се со потпетица од 2,5 см до 4 см, а највисоката потпетица не треба да биде повисока од 7 см.
6. Под палецот на внатрешноста од чевелот
Доколку внатрешниот дел од чевлите е најизносен кај испакнатиот дел под палецот, тоа е јасен знак дека носите претесни чевли.
Ова значи дека врвот од чевелот ви е тесен и прстите мораат да се качуваат еден преку друг, а тоа може да доведе до деформитет на целото стапало, па и на ’рбетот, а како резултат на тоа нервните завршетоци може да бидат притиснати од пршлените и да патите од болка во стомакот, главата и срцето.
7. Помеѓу прстите на внатрешноста од чевелот
Ако има јасно триење на прстите на делот на внатрешноста од чевлите што е помеѓу прстите, тоа значи дека патите од деформација на прстите во вид на чекан. Тоа значи дека носите помал број чевли, чизми или патики одошто треба да носите.
8. Како треба да биде
Се разбира ѓонот не може да трае вечно и некогаш мора да се излиже. Важно е на кој начин тоа се случува. Ѓонот на здрава личност треба да биде излижан на врвот на прстите и на петата, а траги на излижаност на страните може да има само ако патите од рамни стапала.
Рамните стапала не се сметаат за сериозен проблем, но може да доведат до сколиоза, а тоа да предизвикува и силни главоболки.
Консултирате се со ортопед доколку забележите дека имате проблем со вашите стапала.
(О)Милена | Црнобело