Психијатар укажува на 4 знаци кога е крајно време да побарате помош за анксиозноста
Анксиозноста честопати е општоприфатена состојба за која луѓето не преземаат ништо. Свесни се дека нешто се случува, дека нешто ги тишти, но решаваат да го игнорираат тој факт.
Нападите на анксиозност, грижи и напнатост не смее да ги игнорирате предолго.
Психијатрите се сложни дека има 4 симптоми кои се последен аларм дека треба да побарате помош пред да биде предоцна:
1. Психичките симптоми почнуваат да се манифестираат и физички, со болки, болести и алергии од кои дотогаш не сте пателе.
2. Тешко ви е да излезете од дома или одбивате сериозни прилики и покани за да останете дома, без логично објаснување.
3. Симптомите како фобии, стравови и негативни мисли за животот, ви се зголемуваат или влошуваат кога ќе се вклучите на социјалните мрежи.
4. Подготвени сте да пробате сè, но одбивате терапија и професионална помош со објаснување дека ништо не ви е. Всушност, само бегате од реалноста.
М. Д. | Црнобело