5 причини да се качите на својот велосипед - веднаш!

Додека кај нас е тренд да се има превозно средство на четири тркала, во многу земји низ светот луѓето преферираат велосипед наместо автомобил. 

5-pricini-da-se-kacite-na-svojot-velosiped-vednas-1.jpg

Пролетните сончеви денови се идеална прилика да го извадите запрашениот велосипед од гаражата и да почнете да го користите како превозно средство до работа или како начин на рекреација.

Но, ниту облачните денови не треба да бидат причина да го оставите велосипедот дома, напротив, не се откажувајте во свежите денови. 

Освен тоа што ќе ја поштедите природата, ќе го подобрите и вашето здравје, а ќе имате и уште неколку други бенефити:

Ќе согорите некоја калорија плус

Во просек се согоруваат најмалку 5 калории во минута, во зависност од вашата тежина и техниката на возење.

Ќе ја обликувате мускулатурата

Не, тоа не се однесува само на мускулите на нозете. Возењето велосипед освен што ќе ви помогне да ги зацврстите нозете, ќе ви ги затегне и рацете и стомакот, а особено се препорачува на оние кои имаат проблеми со половината и грбот.

Ќе го заштитите срцето

30 километри извозени на велосипед за една недела ги намалува шансите за срцево заболување дури на половина. Освен тоа, ќе го намалите крвниот притисок како и високиот холестерол.

5 pricini da se kacite na svojot velosiped vednas 02

Ќе си го подобрите расположението

Таканаречените „зелени“ активности или активностите кои се одвиваат надвор во природа докажано го подобруваат расположението. Експертите велат дека возењето велосипед ја зголемува самодовербата, го намалува чувството на замор и ја зголемува енергијата за 20%.

Ќе ги заштите зглобовите

Зглобовите на прстите, стапалата и колената се исклучително чувствителни во поодминати години, па за да се поштедите од болка и заболувања на коските и зглобовите во староста, веднаш на велосипед и правец на патека.


Велосипедот е соодветен за секого и за секаде, без разлика дали ќе го користите како превозно средство или начин на рекреација.

Ова е најекономичниот начин да се превезете од едно до друго место, па уште ако го возите почесто отколку вашиот автомобил придобивките се загарантирани.

Секако, не треба да заборавите на мерките на претпазливост - иако се работи за велосипед, вие сте учесник во сообраќајот. Почитувајте ги сообраќајните знаци и секогаш имајте исправна сигнализација, особено ако возите навечер.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg