4 најголеми митови за домашните тестови за бременост
Домашните тестови за бременост кои се купуваат од аптека треба да се едноставни за користење, но постојат многу погрешни верувања поврзани со нив.
Овој метод за утврдување на бременост веќе е толку популарен, што сметаме дека не би требало да има нејаснотии околу неговата точност и начинот на користење.
Но, сепак постојат и се следниве:
Домашните тестови можат веднаш да потврдат бременост
Овие тестови реагираат на бета-ХЦГ, односно неговото покачување во урината, што најчесто е знак на бременост. Но, кај некои жени не се лачи веднаш по зачнувањето и ако прерано го направат, може да имаат лажно негативен резултат.
Некогаш можеби и треба да поминат две до три недели за тестот да покаже позитивен резултат. Но, вие не мора да чекате толку, туку можете да ја утврдите бременоста кај вашиот гинеколог, преку лабораториски тест.
Ништо не може да даде лажен резултат
Ниту храната, ниту стресот, па дури ниту пороците не можат да влијаат врз нивоата на ХЦГ откако настанало зачнувањето. Но, постојат одредени лекови, особено оние кои се поврзани со лечење неплодност, кои може да дадат неточни резултати.
Постојат природни тестови што може да утврдат бременост
Дури и најевтиниот тест достапен во аптека е порелевантен во споредба со „бабините деветини“ и природните тестови за бременост, како што е додавањето сода бикарбона во утринската урина, нејзиното мирисање и чекањето да се појават меурчиња откако ќе отстои еден час.
Затоа, подобро купете го евтиниот тест, наместо да се потпирате на овие „холистички“ методи за утврдување бременост.
Некои тестови може да го откријат полот
Во урината не постои никаков индикатор што ќе го открие полот на бебето. Нивоата на ХЦГ растат пропорционално на стадиумот на бременоста без разлика на полот на бебето. Тој најчесто се утврдува при гинеколошките ултразвучни прегледи околу четвртиот месец од бременоста.
Е. Д. | Црнобело