Јапонска масажа за ослободување од негативни емоции

Јапонците имаат многу различни методи на лекување и терапии, а shiatsu или притискање на прстите е уште еден интересен метод кој може да го научите.

japonska-masazha-za-osloboduvanje-od-negativni-emocii-01.jpg

Оваа техника има различни стилови, но сите вклучуваат користење на прстите и дланките за одржување на здравјето на органите и подобрување на расположението.

Станува збор за масажа, за која ви се потребни дланките и 5 минути време, а за тој период очекувајте да си ги ставите во ред емоциите и органите да имаат позитивна корист.

Секој прст е поврзан со одредени органи и емоции:

Палец

Емоции: анксиозност, депресија

Органи: стомак

Показалец

Емоции: страв, разочарување

Органи: бубрези, мочен меур

Среден прст

Емоции: лутина, неодлучност

Органи: црн дроб, жолчно кесе

Домалиот прст

Емоции: тага, страв, жалење

Органи: бели дробови, дебело црево

Мал прст

Емоции: нервоза, сомневање во себе

Органи: срце, тенко црево

japonska-masazha-za-osloboduvanje-od-negativni-emocii-02.jpg

Упатства за масажа:

  • Држете го палецот на левата рака со десната рака како да го стегате во тупаница. Притискајте и држете го така 1 минута. Повторете со секој прст на двете раце. Потоа, со палецот на десната рака притиснете во средина на левата дланка и држете така 2 минути. Повторете со другата рака.
  • Ако сакате да знаете колку треба да притискате, треба да почувствувате пулсирање
  • Секој прст е поврзан со одредени органи и емоции – може да обрнете внимание само на еден прст или да им посветите време на сите за целокупна грижа за телот

japonska-masazha-za-osloboduvanje-od-negativni-emocii-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Медицинска, шиатцу - Разлики помеѓу разните видови масажи (и која е најдобра за вас) Масажите го релаксираат нашето тело и позитивно влијаат врз нашето здравје. Но, ...
3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така,...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg