Зошто некои месеци циклусот ви е ужасен, а некои сосема поднослив?
Менструалните циклуси се непредвидливи, исто како и времето во март и април секоја година. Некогаш може да бидат мирни, но некогаш да се претворат во вистински бури.
Најлошото од сè е и што никогаш не можете да предвидите или барем приближно да претпоставите каков ќе ви биде следниот циклус. Но, како што очекувавте, одговорот на овие прашања се крие во животниот стил и хормоните (а што друго).
Дури и симптомите на ПМС не се секогаш исти. Некогаш сте емотивни, другпат гладни, третпат нервозни... И никогаш не можете да го „пробиете“ редоследот на тоа како нештата ќе се случуваат. Исто, како што можете да претпоставите, ништо во вашето тело не се случува „рандом“.
ПМС е состојбата што се случува кога естрогенот и прогестеронот го достигнуваат „врвот“ во деновите пред да почне крварењето. Естрогенот е одговорен за проблемите со варењето, промените во спиењето, главоболките, промените во расположението, па дури и за грутките кои може да се појават во тој период.
Прогестеронот, пак, стои зад вашите хормонални „изливи“, желбите за храна, иритираноста, вртоглавиците и чувствителноста во градите.
Чувството е исто како играње со јо-јо. Не знаете кој хормон ќе издоминира, ниту пак како да се справите со она што следува.
Но, како што веќе претпоставувате, причините може да бидат овие:
Имате лоши навики за спиење
Напливот на хормони за време на ПМС и циклусот можете да го неутрализирате ако во меѓувреме успевате доволно да спиете и да имате квалитетен ноќен сон. Недостатокот на сон предизвикува нарушувања во хормоналниот баланс и кога не сте во ПМС или циклус, а тоа може да биде и причина зошто се чувствувате поразлично од претходниот пат.
Обидете се да имате константни навики за спиење, за да ги намалите шансите вашиот циклус да варира од една крајност во друга.
Јадете процесирана храна
Ако процесираната храна е премногу застапена во вашата исхрана, сосема е очекувано и вашето тело да реагира на тоа. Чипсовите, чоколадите, колачите, покрај сол и шеќер, содржат и многу адитиви, кои во големи количини се вистински отров за вашиот организам.
Решението, како што веќе знаете, се овошјето, зеленчукот и житариците во нивните свежи варијанти.
Постојан стрес
Обидете се да останете смирени, бидејќи стресот е еден од најголемите причинители на нарушување на хормоналниот баланс. Секако, не можете да направите стресот да исчезне, но можете да се потрудите да го смените начинот на кој се справувате со него.
Е. Д. | Црнобело