Добив едно: „Ти имаш рак. Агресивен е.“
Девојка, која се соочила со дијагнозата рак, ја пренесува својата приказна.
„Добив едно: „Ти имаш рак“.
Плачев еден час и отидов на пица со моето семејство.
Затоа што нели тоа е она кое сите го прават кога ќе им кажат дека имаат рак?
Ми требаше некој вид на нормалност.
А пицата е синоним за нормалност.
„Тој е типот на рак од кој се плашевме. Тој не е типот на рак на кој се надевавме. Агресивен е.“
Хемотерапија.
Хемотерапија.
Хемотерапија.
Од некоја причина операциите, зрачењето, тој дел не беше толку страшен (за жал, јас сум кралица на операциите).
Но, хемотерапијата...
Губењето на косата...
Дали знаете дека „Дали ќе ја изгубам косата?“ е едно од првите прашања кои поголемиот дел од пациентите му го поставуваат на својот онколог?
Не е затоа што сме површни.
Го прашуваме тоа затоа што знаеме дека нема да можеме да криеме повеќе откако ќе ја изгубиме косата.
Затоа што не можеме да се погледнеме во огледало за секунда и да се преправаме дека ракот не е дел од нашиот живот.
Заврши таа фаза...
Кога да славам дека ја победив битката над ракот?
Дали тоа е денот кога со операција ми го отстранија? Дали е денот кога завршив со сите третмани? Дали е денот кога реконструкцијата на мојата града беше готова?
И некој ми кажа дека со време секој ден ќе биде малку подобар.
И, се разбира, тоа е вистина.
Не е секој ден „рак ден“ повеќе.
Не плачам секој ден за моите лузни и не ги колнам лекарствата кои ми предизвикуваат болка во зглобовите и други непријатности.
Повеќе не ме мачи чувството дека имам гола глава.
Но, секој ден сè уште сум девојката што има рак.
Тоа се разбира никогаш нема да исчезне.
Сега сум поинаква личност иако луѓето знаат да изјават „Ракот не ме промени“ или „Сè уште ги гледам работите на истиот начин.“
Не јас.
Мене ме промени.
И ги гледам работите поинаку.
Плачев и минав низ тоа, исплашена, но сепак посилна.“
С. С. | Црнобело