Како симптомите на комплексна траума ги нарушуваат и најстабилните односи?

Комплексното посттрауматско стресно нарушување е подвид на обичното посттрауматско стресно нарушување, кое може да наштети врз сите можни аспекти на меѓучовечките односи.

kako-simptomite-na-kompleksna-trauma-gi-narushuvaat-i-najstabilnite-odnosi-01.jpg

Како се манифестира?

Комплексното посттрауматско нарушување може да се развие како последица на изложеност на неколку последователни екстремно стресни ситуации, без разлика на нивното траење. Уште полошо е што тие трауми не можат да се контролираат, ниту избегнат, а за да биде ситуацијата пострашна, лошите настани се нижат еден под друг.

Кога некој страда од комплексно посттрауматско нарушување, се соочува со проблеми со самоконтролата и самодисциплината, чувствува вина поради трагедијата која довела до траумата, се плаши, но и се срами од сопствените чувства, се чувствува понижено и безвредно и најлошо од сè, ги обезвреднува меѓучовечките односи.

На лицето кое доживеало таква комплексна траума, му се случува да мисли дека навистина не му е важно за семејните односи, врските, пријателствата и работата. Всушност, тоа важи за секоја област од нивното функционирање.

За оваа состојба може дури и да се каже дека е синдром после кој лицето не може да ги контролира своите реакции при ситуации кои му предизвикуваат страв, вознемирување или излив на емоции. Нивниот мозок сите ситуации ги поврзува со траумите, па затоа и имаат проблем со расудувањето и свесното размислување.

kako-simptomite-na-kompleksna-trauma-gi-narushuvaat-i-najstabilnite-odnosi-02.jpg

Колку време трае оваа состојба?

Одговорот е комплициран, исто како што е и самото нарушување. Некогаш само една траума е доволна за да направи трајно оштетување, додека кај други може да се надмине за неколку месеци или години.

Особено склони кон комплексното посттрауматско стресно нарушување се жените и тоа двојно повеќе од мажите. Се верува дека ова се случува затоа што жените се почести жртви на насилства, злоупотребување и емоционална тортура во споредба со мажите.

Какви симптоми може да има?

Одбивањето на комуникација е само еден од симптомите. Лицата кои страдаат од комплексното посттрауматско нарушување исто така имаат и чести „флешбекови“ преку кои одново ја преживуваат траумата. Тоа им создава и физички симптоми како што се висок притисок, тахикардија, потење, плачење и неконтролирано срцебиење.

Кошмарите и емотивниот товар исто така се дел од оваа состојба. Луѓето кои ги избегнуваат често се тригер за будење на тие трауми. Со тоа може да се објасни и зошто овие лица бегаат од оние кои ги сакаат.

Почнуваат да им пречат и звуците и мирисите кои асоцираат на трауматската случка, избегнуваат одредени географски локации и сето тоа помалку ги боли другите, од избегнувањето и отфрлањето.

kako-simptomite-na-kompleksna-trauma-gi-narushuvaat-i-najstabilnite-odnosi-03.jpg

За жал, свесноста околу спектарот на пострауматското нарушување кај нас е слаба и премала, па луѓето често креваат раце од оној кој страда, мислејќи дека намерно ги избегнува или дека има нешто против нив.

Причина за прекинувањето на врските може да бидат и негативните слики кои личноста ги создава за себе и својата безвредност, изменетиот поглед кон светот, потешкотии со регулацијата на емоциите, неможноста да се постигне сексуална возбуда, недовербата, како и најтешкиот дел - ако самата личност била дел од таа траума.

Ваквото нарушување мора да биде контролирано од соодветен терапевт, па дури и ако има потреба да се вклучат и други експерти. Мора да се работи на регулацијата на емоциите и на одговорот на телото на траумата. Комплексно е и воопшто не е лесно, но мора да помогне и лекар, за да се спречи тонење на личноста која страда.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg