Како да си ја вратите енергијата кога сте преморени?
Секогаш кога имате лош ден и се чувствувате поспано уште пред да дојде пладне, кафето е ваша прва помош.
Но, тоа ни приближно не е најдобриот начин да го надоместите недостатокот на енергија - постојат многу природни начини што ќе ви помогнат многу повеќе од шолја кафе.
Ладен туш
Звучи како вистинско измачување, но вреди да пробате бидејќи ладната вода многу брзо го буди телото. Дозволни се три минути под ладен туш и хроничниот замор наскоро ќе стане минато.
Музика
Добро познат е фактот дека одредена музика може да го намали стресот, но придобивките одат многу подалеку - потпевнувањето на омилената песна или тапкање со нозете во ритамот на музиката докажано го намалува заморот.
Пијалак без шеќер
Со или без кофеин, пијалаците што содржат многу шеќер влијаат негативно на концентрацијата, па затоа посегнете по вода или чај наместо по газиран сок или кафе.
Оброк збогатен со магнезиум
Ако постојано се чувствувате уморни, можеби се работи за низок внес на магнезиум. Дури и да имате мал недостаток, обичните секојдневни обврски може да ви се чинат претешки. Надомесете со грицкање бадеми и лешници, или размислете за употреба на суплементи како додаток во исхраната.
10 - минутно истегнување
Кога вежбате, крв богата со кислород доаѓа во вашиот мозок, мускулите и срцето што придонесува за природно поткревање на енергијата.
Темно чоколадо
Ова решение е веројатно еден од вашите поомилени начини да се справите со недостатокот на енергија, а имате и научна поткрепа за да се оправдате. Флавоноидите во какаото докажано го подобруваат расположението и когнитивните способности, особено темното чоколадо со најмалку 60% какао.
Ароматерапија со лимон
Стимулативните мириси како оној на лимонот се можеби токму тоа што ви треба кога се чувствувате поспани. Лимонот како етерично масло ја зголемува енергијата, го подобрува расположението и допринесува за подобра концентрација.
А. Ш. | Црнобело